Финансии / Банкарство

НЕИЗВЕСНОСТА ОД САД СЕ ПРЕЛЕА НА БЕРЗИТЕ ВО АЗИЈА, по денешното тргување индексите на азиските берзи во пад

09.09.2024

Неповолните податоци за вработеноста во САД од минатата недела се пренесоа денеска на тргувањето на азиските берзи, кои ја почнаа неделата со пад на индексите, кој беше предводен од јапонскиот Nikkei 225. Инвеститорите  во Азија се раководеа од ревидираните проценки за јапонскиот БДП за вториот квартал годинава и од индексот на потрошувачките цени во Кина.

Јапонскиот БДП во вториот квартал изнесува 2,9 отсто на годишно ниво, што е намалување од 3,2 отсто според очекувањата на економистите  кои ги анкетираше „Ројтерс“. Послабиот раст на БДП ќе ја ограничи Банката на Јапонија да ги подигне каматните стапки.

Стапката на инфлација во Кина се зголеми за 0,6 отсто на годишно ниво, а на месечно ниво ЦПИ се зголеми за 0,4 отсто.

Nikkei  се намали за 2,14%, додека широкиот Topix  падна за 1,99%. Јапонскиот јен ослабна за 0,3 отсто во однос на американскиот долар и се разменување за 142,71 јени, што е најниско ниво во последните девен месеци.

Јужнокоресјкиот Kospi се намали за 0,88 отсто. Австралискиот S&P/ASX 200  ослабна за 0,7 отсто. Индексот на берзата во Хонг Конг  Ханг Сенг изгуби вредност од 1,93 отсто, а кинескиот CSI 300  се лизна надолу за 1,09%, пренесе „Сеебиз“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО