Финансии / Банкарство
ЕЦБ НЕМА ДА БРЗА СО ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, инфлацијата останува и таа не е поразена сметаат аналитичарите
06.09.2024
Европската централна банка нема да реагира на слабеењето на економијата во еврозоната со брзо намалување на каматните стапки, покажува истражувањето на аналитичарите.
Учесниците во анкетата на „Блумберг“ очекуваат дека ЕЦБ ќе го следи почетното намалување на каматните стапки во јуни со уште едно намалување следната недела. Тоа ќе значи следење на кварталното темпо на намалување на каматите се додека не достигнат 2,5 отсто до следниот септември. Очекувањата на аналитичарите се дека трошоците за позајмување на средствата ќе остане на ова ниво до 2026 година.
Официјалните лица во ЕЦБ пред состанокот во Франкфурт се соочени со проблематичните податоци кои се поврзани со забавување на економската експанзија и отпорнаоста на цените. Најголемо успорување на економијата има во Германија. Неодманешната нестабилност на земјите од еврозоната ги „зголемува аргументите за прилагодување на монетарната политика“. Инфлацијата останува и таа не е поразена, изјави Денис Шен, економист од Scope Ratings.
Повеќето економисти не очекуваат дека претседателката на ЕЦБ Кристин Легард ќе понуди јасни сигнали за тоа во која насока ќе одат каматните стапки. Поради различните совети за економијата во Управниот совет на ЕЦБ таа може да ги остави сите опции отворени, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic