Финансии / Банкарство
ПЕЗОСОТ ЈА НАДМИНА ПСИХОЛОШКАТА ГРАНИЦА КОН ДОЛАРОТ, пазарот на труд во САД ја ослабна мексиканската валута
05.09.2024
Мексиканскиот пезос денеска ја проби границата од 20 пезоси за еден долар, поради економската неизвесност во САД и настојувањето на мексиканските власти да го реформираат правосудниот систем во оваа земја.
Падот на пезосот уследи еден ден по објавувањето на информациите за намалување на стапката на слободни работни места во САД, кое е на најниско ниво во последните три години. Ова беше сигнал за инвеститорите дека пазарот на труд во САД, кои се најголем трговски партнер на Мексико, ја губи економската сила.
Пезосот во последните месеци имаше најдобар раст на вредноста во однос на доларот и беше разменуван за 19,98 пезоси. Денеска мексиканската валута на краток рок ослабна на 20,15 пезоси за еден долар, а овој курс не е забележан од октомври 2022 година, пренесува „Ројтерс“.
Долниот дома на Конгресот на Мексико вчера ја одобри контроверзната реформа во правосуството, која предвидува избор на сите судии со директно гласање на граѓаните. Ова ги вознемири финансиските пазари, бидејќи инвеститорите се загрижени за сигурноста на своите инвестиции во Мексико, по воведувањето на новиот правосуден систем во земјата, пренесува Б92.
фото freepic