Финансии / Банкарство

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, КРЕДИТИТЕ БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ, Централната банка на Црна Гора предлага европска пракса во банкарското кредитирање

05.09.2024

Укинување на надоместоците за обработка и  за предвремена отплата на станбени кредити. Највисоката ефективна каматна стапка на потрошувачките кредити не смее да биде поголема од просечната пондерирана ефективна каматна стапка на сите потрошувачки кредити, заголемена за 100 отсто. Ова се поважните измени во предлог законот што го подготвува Владата на Црна Гора и Централната банка на ЦГ.

Во потрошувачки кредити влегуваат: станбените кредити, готовинските наменски кредити, готовинските кредити за пензионери, хипотекраните кредити, кредитите за реконструкција и адаптација, кредитите за финансирање, кредитите за купување на моторни возила и кредитите за образование.

Се предвидуваат новини и во проценката за кредитната способност на потрошувачот и кредиторите се обрзуваат да воспостават процедура за рано препознавање на потенцијалните клиенти, кои би можеле да имаат проблеми со навремено враќање на кредитите. Пред започнување на извршна постапка, кредиторите ќе мораат да се обидат да постигнат договор со потрошувачите за наплата на обврските. Кредиторот мора да предложи и мерки за олеснување на отплатата на позајмената сума.

Кај станбените кредити се предвидува по заклучување на договорот за кредит, банката да не може еднострано да воведе нов надомест, ни да ги зголеми надоместоците кои биле во моментот на склучување на договорот за кредит.

Европската комисија, во јули 2024 година, даде позитивно мислење за Предлог законот за потрошувачки кредити, со што иницијативата на Централна банка, како предлагач на законот се потврдува како добра европска пракса, соопштија од ЦБЦГ, објави „Вијести.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано