Финансии / Банкарство
СЛАБ ПОЧЕТОК НА БЕРЗАНТСКОТО ТРГУВАЊЕ ВО СЕПТЕМВРИ, инвеститорите во САД ги очекуваат податоците за вработување
05.09.2024
Вредноста на акциите на американските берзи по вчерашното тргување забележа помали загуби во однос на вторникот, поради падот на вредноста на акциите на технолошките компании. Индексите S&P 500 i Nasdaq Composite повторно се намалија по слабиот почеток на тргувањето во септември. S&P 500 изгуби 0,16% и заврши на 5.520,07, додека Nasdaq Composite се намали за 0,3% и го заврши тргувањето со 17.084,30. Dow Jones Industrial Average порасна за 38,04 бодови, или за 0,09%, и заврши на 40.974,97.
Инвеститорите вчерашното тргување го почнаа со „ниска“ доверба и ги очекуваат извештаите за вработувањето во САД, што ќе бидат објавени утре, се коментарите на економските аналитичари, објави „Сеебиз“.
Бројот на отворени работни места во САД изнесува околу 7,67 милиони во јули, а оваа бројка е многу пониска од очекуваните проекции од 8.09 милиони. За јуни беа ревидирани податоците за отворените работни места на 7,91 милион.
Околу 3,3 милиони работници ги напуштија работните места во јули и стапката на невработеност во САД се задржа на 2,1 отсто.
фото freepic