Финансии / Банкарство
УО НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА СЕ ИЗЈАСНИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕTО ОД КОМЕРЦИЈАЛНА, вработените бараат јасно дефинирање на условите за продолжување на работниот статус
04.09.2024
Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола излезе со позитивен став и вели дека преземањето ќе има позитивни ефекти врз деловното работење на Стопанска банка АД Битола, бидејки со припојувањето, Банката ќе биде дел од една од најголемите банки во Македонија, се наведува во Мислењето на УО на битолската банка за понудата за преземање од Комерцијална банка, кое е доставено до Македонската берза.
Управниот одбор и вработените на Стопанска банка АД Битола излегоа со свое мислење, согласно Понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка по цена од 3.200 денари за една акција,
Управниот одбор смета дека со зголемувањето на обемот на идните деловни активности, ќе придонесе за задржување на повеќето вработени.
Од друга страна, вработените бараат од Управниот одбор на Банката и од страна на Комерцијална бара јасно да се дефинираат условите под коишто на вработените ќе им се продолжи работниот статус во друштвото коешто презема. Во Спогодбата треба да се утврди како ќе се постапи со останатиод дел од вработените кои нема да го продолжат работниот однос.