Финансии / Банкарство

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА НА БЕРЗИТЕ ОВАА НЕДЕЛА, инвеститорите ги очекуваат сигналите на ФЕД и од Индија!

Пазарите во Азија понеделникот го почнаа со раст по минатонеделниот стрмоглав пад на берзанските индекси. По нестабилноста на минатонеделното тргување  оваа недела инвеститорите ги очекуваат информациите за тоа колку брзо и колку длабоко Федералните резерви на САД ќе ја намалат каматната стапка, по објавувањето на јулските податоци за Индексот на потрошувачките цени и за висината на продажбата на мало. Важни податоци за заздравување на берзанското тргување се и расположението на потрошувачите, неделните барања на невработените во САД и иднеските за оствареното производство.

Во Азија берзанските трговци во понеделник ги очекуваат процените за инфлацијата и индустриското производство во Индија. Економистите кои ги анкетираше „Ројтерс“ очекуваат индиската меѓугодишна CPI инфлација  да се намали силно на 3,65 отсто, од 5,8 отсто во претходниот месец. Се очекува индиското индустриско производство во јуни  да порасне за  5,5%, со благо намалување во однос на 5,9% мај.

Денеска австралискиот  S&P/ASX 200 порасна за  0,45%. Јужнокорејскиот Kospi ја подобри вредноста за  0,9%, Индексот CSI 300 во континенталната Кина на утринското тргување остана непроменет, додека Hang Seng индексот во Хонг Конг падна за 0,1 отсто.

Извештајот за инфлацијата ќе покаже дали има простор за намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Пазарот очекува дека ФЕД може да започне со намалување на каматните стапки во септември, доколку инфлацијата во САД продолжи да се намалува.

Напредниот EUROSTOXX 50 индекс е во плус 0,5 отсто, а лондонскиот FTSE индекс е во плус 0,4 отсто.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано