Финансии / Банкарство

СРБИЈА РАСПОЛАГА СО РЕКОРДНО НИВО НА ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ, за еден месец се зголемиле за 606,8 милиони евра

10.08.2024

Бруто девизните резерви на Народна банка на Србија (НБС) на крајот на јули годинава изнесуваат 28,1 милијарда евра, што нивно највисоко ниво од 2000 година. Во однос на крајот на јуни девизните резерви се зголемени за 606,8 милиони евра. Овој износ на девизни резерви обезбедува  прокриеност на паричната маса од 185,9 отсто и 7,4 месечен увоз на стоки и услуги, што е за двапати на пропишаниот стандард , соопшти Централната банка на Србија.

Најголем прилив на девизни резерви во јули е остварен по основ на интервенции на НБС во износ од 465 милиони евра. Овој износ е резултат од приливите на девизи во износ од 240 милиони евра по основ на купување на девизи во текот на последните два работни дена во јуни, а кое е реализирано на почетокот на јули, како и од нето купување на девизи во износ од 225 милиони евра.

Овие приливи на девизни средства се доволно за да се надоместат одливите од девизните резерви  за нето раздолжување на државата за девизни кредити во износ од 48,7 милиони евра и за одливи по други основи во износ од 90,5 милиони евра, објави НБС.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано