Финансии / Банкарство
АЗИСКИТЕ БЕРЗИ ПРОДОЛЖУВААТ СО РАСТОТ, спласнува стравот од рецесија во САД
09.08.2024
Индекстите на берзите во азискиот региот во петокот продолжија со растот, следејќи го позитивниот сигнал тргувањата на Волстрит, кои беа поттикнати од новите податоци за паарот на труд во САД и зголемување на довербата кај инвеститорите, по смирувачките пораки за подобрување на изгледите на американската економија во следниот период.
Фјучерсите за австралискиот S&P/ASX 200 пораснаа за 1,3%. Јапонскиот Nikkei 225 забележа раст за 1,15%. Јужнокорејскиот Kospi се зголеми за 1,32%, додека Kosdaq оствари мала капитализација и се зголеми за 2,89%.
Индексот на берзата во Хонг Конг Hang Seng забележа раст од 1,77% во првиот час од тргувањето, а индексот Indeks CSI 300 во континентална Кина порасна за 0,14 отсто.
Американските берзантски индекси во четвртокот се во пораст по добрите сигнали на пазарот на труд во САД и намалувањето на стравот од рецесија, што ги поттикна инвеститорите на берзите да се ослободуваат од своите акции, претежно во технолошките компании.
Индексот S&P 500 се подобри за 2,3%, завршувајќи на 5319,31 бода. Dow Jones порасна за 683,04 бода или 1,76%, на 39.446,49. Nasdaq ја подобри својата вредност за 2,87%, достигнувајќи вредност 16.660,02.
На тргувањето на берзанските пазари помогна и ослабениот јапонски јен во однос на американскиот долар. Порастот на вредноста на јенот предизвика потреси во тргувањето со акциите кај хеџ фондовите и беше главниот виновник за падот на вредноста на акциите во понеделникот, објави „Сеебиз“.
фото freepic