Финансии / Банкарство
Од Црна Гора се одлеале 150 милиони евра директни инвестиции
22.07.2024
Вкупниот прилив на странските директни инвестиции во Црна Гора на крајот на мај изнесувал 364,81 милион евра,а од земјата се одлеале околу 150,46 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка на ЦГ.
Нето приливот на странските директни инвестиции на крајот на мај изнесувал 214,35 милиони евра, што е зголемување од 9,66 милиони евра во однос на истиот период лани.
Приливот на странските директни инвестиции во форма на сопственички вложувања изнесува 222,73 милиони евра, што е 61,05 отсто од вкупните инвестиции во ЦГ. Од нив 169,83 милиони евра се вложени во недвижности, а инвестициите во претпријатијата и банките изнесуваат 52,9 милиони евра, се наведува во информацијата на ЦБЦГ, пренесува агенцијата „Мина“.
фото freepic