Финансии / Банкарство

Во ЕУ има намалување на приходите од еколошки даноци

22.07.2024

Приходите од еколошките даноци во Европската Унија во 2022 година изнесувале 317,2 милијарди евра или два отсто од БДП на ЕУ, што е намалување за 4 отсто во однос на 2021 година, покажуваат податоците на Евростат.

Падот на приходите од еколошките даноци е последица на намалување на приходите од данокот на енергија за 15 милијарда евра, кои во 2022 година изнесувале 243 милијарди евра.

Приходот од данокот на загадување и ресурси е зголемен  за десет отсто или растот е за 1,2 милијарди евра. Данокот на транспорт забележал мал раст од еден отсто односно за 809 милиони евра.

На ниво на ЕУ во 2022 година, корпорациите генерирале најголем дел од приходот од еколошки данок со учество од 52 отсто од вкупниот приход. Поголемиот дел од овие приходи доаѓаат од производните компании, градежништвото, рударството и комуналните дејности. Домаќинствата учествувале со 45 отсто од вкупниот приход од еколошки данок.

Во 17 земји од ЕУ, домаќинствата плаќале повеќе од 40 отсто од вкупниот приход од еколошки данок. Во Данска ова учество изнесува 60 отсто, а во Малта 40 отсто.

На национално ниво, компаниите придонесувале во просек со 50 отсто од вкупните даночни приходи во повеќето земји од ЕУ, пренесува „Бизнис и финансии“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано