Финансии / Банкарство
ММФ: САД да почекаат со намалување на каматите
20.07.2024
Соединетите Американски Држави треба да почекаат со намалување на каматните стапки, додека не се појават јасни показатели дека инфлацијата во земјата се враќа на посакуваните два отсто, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд.
- Јасната комуникација ќе помогне пазарните очекувања да се насочат во согласност со планираната политика на американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД). Американската економија во последните неколку години остварува силен ефект. Реалните приходи пораснаа над нивото од периодот пред пандемијата. Растот на вработувањето е забрзан со 16 милиони нови работни места од крајот на 2020 година. Меѓутоа, зголемувањето на приходите и богатството е неизедначено, а ниво на сиромаштијата е високо, посебно по прекинот на државната поддршка по панедмијата, се додава во соопштението на ММФ.
Од ММФ забележуваат дека високиот фискален дефицит и континуираното зголемување на односот меѓу американскиот јавен долг и бруто домашниот производ претставува ризик, не само за американската, туку и за глобалната економија. Според мислењето на ММФ, Вашингтон треба да реагира на овие закани преку пренасочување на приходите и потрошувачката, додека заштедите треба да се вложат во програми за ублажување на сиромаштијата, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic