Бруто девизните резерви на Србија на крајот на јуни 2024 година изнесувале 27,5 милијарди евра, а ова е највисоко ниво на државните резерви од 2000 година. Во споредба со мај годинава девизните резерви на Србија се зголемиле за 2,3 милијарди евра, објави Народната банка на Србија.
Износот на девизните резерви обезбедува покриеност на паричната маса М1 од 178,7 отсто и на 7,3 месечен увоз на стоки и услуги, што е двапати повеќе над меѓународниот стандард со кој се утврдува адекватното ниво на покриеноста на увозот со девизните резерви.
Нето девизните резерви (бруто девизните резерви намалени за девизните средства на банките по основ на обврска на задолжителна резерва и обврски кон ММФ) на крајот на јуни биле на највисоко ниво од 23,2 милијарди евра, а во однос на мај се зголемени за 2,2 милијарди евра.
Најголем прилив на девизни резерви, во противвредност од 1,3 милијарди евра, е остварен од емисијата на десетгодишна обврзница издадена во долари. Со откуп на девизи од домашниот девизен пазар се прибрани 530 милиони евра, објави „Форбс.срб“.