Финансии / Банкарство

Хрватскиот министер за финансии бара итно кратење на буџетските расходи за 1,56 милијарди евра

17.07.2024

Потпретседателот на хрватската влада и министер за финансии Марко Приморац пред еден месец на сите министри им испратил драматичен допис со кој ги повикува на итни и поединечни состаноци поради ребалансот на буџетот за годинава. Тој  сака да ги намали државните расходи за 1,56 милијарди евра, односно за 5,5 отсто од вредноста на годинашниот буџет на Хрватска.  

Овој допис, според хрватските медиуми, предизвикал бурни реакции кај министрите. Имено, барањето на министерот за финансии се состои во линеарно намалување на расходите за десет отсто, со што ќе се одрази  и на реализацијата на планираните проекти. Но главен мотив за големото буџетско кратење е предизборното ветување за зголемување на платите на вработените во сите државни и јавни институции.

Поголемиот дел од растот на платите се случи непосредно пред изборите во Хрватска. Во дејностите на јавната управа и одбраната просечната бруто плата во март била за 316 евра поголема од февруари, во образованието за 277 евра, а во службите за здравствена заштита и социјална грижа за 408 евра.

Воедно, министерот за финансии Марко Приморац апелира до министрите во хрватската влада да ги забрзаат проектите од Европската Унија, бидејќи постои ризик да бидат неискористени бесповратните средства од европските фондови, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано