Финансии / Банкарство
Јавниот долг на Србија во мај изнесува 47,6 отсто од БДП
05.07.2024
Јавниот долг на Србија на крајот на мај годинава изнесува околу 36,35 милијарди евра, што е 47,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопштиja денеска од српското министерство за финансии. Јавниот долг на крајот на април изнесуваше 36,30 милијарди евра или 47,5 отсто од БДП. Јавниот долг на Србија на крајот на 2023 година изнесува 36,15 милијарди евра или 52 отсто од БДП, објави „Нова“.
- Србија во периодот јануари - мај годинава имаше дефицит на републичкиот буџет во износ од 8,1 милијарди динари, што е подобро од буџетскиот план, бидејќи дефицитот беше планиран во износ од 89,6 милијарди динари, соопштија од Министерството за финансии на Србија.
Остварени се приходи во износ од 849,4 милијарди динари, а расходи од 857,5 милијарди динари. Во мај е остварен суфицит од 21,4 милијарди динари. Во текот на мај се остварени приходи во износ од 180,6 милијарди динари, од кои даночните приходи изнесуваат 163,2 милијарди динари.
Најголем дел од даночните приходи се однесуваат на плаќање на ДДВ во износ од 73,4 милијарди динари и акциза во износ од 43 милијарди динари.
фото freepic