Финансии / Банкарство

Инфлацијата во Турција се намали, храната поскапа за 71 отсто

03.07.2024

Годишната стапка на инфлација во Турција во јуни 2024 година  се намали на 71,6 отсто во однос на мајската инфлација од 75,45 отсто. Ова е прво намалување на меѓугодишно ниво во Турција по седум последователни месеци на раст на инфлацијата, објави Турскиот институт за статистика Туркстат.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во јуни се зголемиле за 71,6 отсто , цените на транспортот за над 65 отсто, услугите во хотелите и рестораните се поскапи за 90,67 отсто, додека цените на облеката и обувките се зголемени за 47.84 отсто. Во сите споменати категории растот на цените е понизок во споредба со мај годинава.

Турските власти преземаа пакет на мерки за штедење која требаше да помогне во ефикасноста на јавниот сектор и за справување со високата инфлација, пренесе „Танјуг“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано