Финансии / Банкарство

Швајцарската централна банка повторно ги намали каматите

20.06.2024

Швајцарската народна банка повторно ги намали трошоците за задолжување, за да го намали притисокот на економијата и да го спречи растот на домашната валута. Централната банка на Швајцарија ја намали каматната стапка за 25 процентни поени на 1,25 отсто, што е спротивно на предвидувањата на некои економски аналитичари. Оваа одлука е донесена по намалувањето на инфлаторниот притисок во однос на претходниот квартал, пренесува „Блумберг“.

По објавата за намалувањње на каматната стапка, вредноста на швајцарскиот франк се намали за 0,4 отсто во однос на еврото и за 0,5 процентни поени во однос на доларот.

Централната банка на Швајцарија ја намали и прогнозата за инфлацијата и предвидува раст на потрошувачките цени од нула до два отсто до 2026 година. ШНБ предвидува дека инфлацијата во просек ќе изнесува 1,3 отсто годинава, 1,1 отсто во 2025 година и еден отсто во 2026 година.

Се очекува растот на швајцарската економија годинава да биде околу еден отсто и тој ќе забрза до 1,5 отсто во 2025 година, објави „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано