Финансии / Банкарство

Намалено учеството на еврото во глобалните девизни резерви!

12.06.2024

Учеството на еврото во девизните резерви е намален на 2023 година  во корист на доларот и јенот. Намалувањето на еврото во глобалните девизни резерви изнесува еден процентен поен и сега учествува со  20 отсто, објави Европската централна банка.

Учеството на американскиот долар е речиси непроменето  и изнесува 58,4 отсто. Јапонскиот јен и кинескиот јуан се задржаа на нивото од 2022 година со поединечни удели од 5,7 односно 2,3 отсто.

Учеството на другите валути во девизните резерви, без еврото и доларот, е зголемено и надминува 20 отсто, со што се истакнува значењето на „нестандардните“ валути во глобалниото портфолио. Во нив, покрај кинескиот јуан, влегуваат и австралискиот, канадскиот и сингапурскиот долар, јужнокорејската валута вон и шведската и норвешката круна.

Централните банки минатата година продале имот изразен во евра во противредност од 100 милијарди евра, објави Европската централна банка. Девизните резерви на швајцарската централна банка минатата година се намалени за 35 милијарди евра, поради интервенциите на девизните пазари, заради заштита на домашната валута, пренесе „Сеебиз“. 


фото freepic 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО