Општество

Десет години лидер на промена - Филип Морис Интернешнал (ФМИ) направи огромен чекор кон остварување на визија за свет без чад од цигари

06.06.2024г.

Некои верзии на уредите на компанијата Филип Морис Интернешнал, низ изминатите 30 години истражување и развој



Пред десет години, компанијата Филип Морис Интернешнал (ФМИ) направи огромен чекор кон остварување на визија за свет без чад од цигари, со првото лансирање на IQOS уредите во Јапонија. Со ова започна и целосната трансформација на индустријата за производи од тутун и никотин, бидејќи науката, технологијата и побарувањата на потрошувачите се здружија за да бидат пионери во категоријата на подобри алтернативи, во споредба со цигарите.

Полнолетните пушачи, IQOS корисници и општеството во целина беа сведоци на континуирано истражување и проширување на категоријата производи без чад засновани на научни докази, водени од потребите за намалување на штети предизвикани од пушењето на цигари и од очекувањата на пазарот. Денес има 532 научни студии, спроведени од страна на тимот за истражување и развој на ФМИ, 48 независни студии и ревизии, на светско ниво, како и два научни проекти спроведени во нашата земја, од страна на Македонската академија на науките и уметностите, кои ја потврдуваат науката на компанијата. 

Сè повеќе земји како Шведска, Обединетото Кралство, Грција и Јапонија ја прифаќаат науката како основа за стратегијата за намалување на штети, како дополнување на традиционалните мерки за превенција и прекин на пушењето, со пристап до подобри алтернативи без чад. Откако IQOS беше воведен на пазарот во Јапонија во 2014 година, две независни студии кои беа спроведувани од 2012 година, нагласуваат дека воведувањето на IQOS јасно ја забрзува траекторијата на падот на продажбата на цигари, значително од 2016 година наваму, бидејќи IQOS добива поголемо прифаќање од потрошувачите.

Во изминатите 10 години, постигнавме значителен напредок кон иднината без чад и остануваме посветени на нашата визија да ги замениме цигарите со научно потврдени алтернативи без чад. Филип Морис Тутунски Конбинат Прилеп, како дел од Филип Морис Интернешнал, во својата основа ја има континуираната инвестиција во науката, водечките светски производи кои се помалку штетни од традиционалните цигари - особено IQOS, со поставување на потрошувачите како целосен фокус на нашето работење. Денес, IQOS е лидер во категоријата алтернативи без чад, а оваа 10-годишна годишнина е пресвртница посветена на одлуката што го менува животот за 28 милиони корисници ширум светоти на нашата разновидна и постојано растечка заедница на IQOS.“ - вели Иван Костиќ, Генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.

Интервју: Костиќ: Потребна е промена на начинот на размислување за поттикнување позитивни промени

Производите без чад се наменети за да се поттикне позитивна промена за повеќе од 1 милијарда возрасни пушачи ширум светот. IQOS обезбедува алтернатива за полнолетните пушачи кои сакаат да направат подобар избор за себе и за оние околу нив. Производите без чад не се за луѓе кои не користат тутун или никотински производи и малолетниците никогаш не треба да користат производи што содржат никотин.

ПРЕПОРАЧАНО