Финансии / Банкарство

Централната банка на Турција забележа загуба од 25,25 милијарди долари

16.04.2024г

Централната банка на Турција 2023 година заврши со загуба 818 милијарди лири, односно 25,25 милијарди долари, кои се должат на програмата за заштита на депозитите. Оваа програма започна во 2021 година за да се спречи падот на вредноста на турската лира што ги поттикна граѓаните да штедат во странски валути и во злато.

Централната банка имаше за цел да го зголеми уделот на депозити во домашна валута во банкарскиот систем. Во меѓувреме, турската влада работи на затворање на програмата за заштита на депозитите.

Турската централна банка ги зголеми каматните стапки за 500 базични поени на 50 отсто во март, а како причина го наведе влошувањето на изгледите за инфлацијата во земјата.

Ова беше неочекувана одлука на Централната банка на Турција во пресрет на неодамнешните локални избори со што ја изрази намерата за намалување на инфлацијата која во март достигна 68,5 отсто, пренесе „Пословни дневник“.


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО