Бизнис

Пораст на продажбата на нови автомобили во Србија

10.04.2024г

На пазарот на нови автомобили во Србија во првиот квартал 2024 година е забележан раст на продажбата на патничките и лесните комерцијални возила за 29,29 отстто во однос на истиот период минатата година.

Од почетокот на годината се продадени 7.493 нови возила, а најголема продажба имала во март со 3.298 возила. Минатата година во првиот квартал се продадени 6.229 возила, соопштија од Српската асоцијација на увозници на возила и делови.

Годинава бројот на продадените патнички возила е зголемен за 955 или вкупно 5.965 возила. Ова е раст од 19,06 отсто во однос на првите три месеци во 2023 година.

Продажбата на лесни комерцијални возила е зголемена за 25,35 отсто и биле продадени 1.528 нови автомобили, објави Н1.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано