Бизнис

Индексот на оптимизмот кај малите претпријатија во САД е на најниско ниво

10.04.2024г

Малите фирми во САД со намален деловен оптимизам

Деловното расположение на малите претпријатија во САД во март се намали на најниско ниво во последните 11 години и се резултат на намалените очекувања од остварување на прометот во наредниот период, покажало истражувањето на Националната федерација на независни  претпријатија (НФИБ)

Индексот на оптимизмот кај малите претпријатија во март годинава е намален за 0,9 поени во однос на февруари и достигна 88,5 поени, што е најниско ниво од декември  2012 година.

Четвртина од сопствениците на малите претпријатија изјавиле дека најголем проблем во работењето им е инфлацијата, односно  зголемените влезни трошоци за суровини и за работна сила. Над 25 отсто од сопствениците на фирмите планираат да ги зголемат просечните продажни цени во споредба со февруари годинава. Претходните месеци најголем пораст на цените имаше во секторите: финансии, малопродажба, градежништво, трговијата на големо и во транспортот, пренесува „Индекс“. 


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано