Бизнис

ЕУ мора да ја подобри соработката во индустриската политика

09.04.2024г.

 

Европската Унија мора да ја подобри соработката во индустриската политика за да обезбеди стратешка автономија и успешно да се соочи со конкуренцијата од САД и Кина, порачаа министрите на Франција, Германија и Италија трите водечки европски економии, пренесе Бизнис.рс.  

 

-        Европа мора да одговори на американскиот протекционизам и кинеските дампинг цени со едноставни прописи за домашната индустрија, со помал идеолошки багаш и со брзи реакции во областа на еколошката технологија, изјави францускиот министер за економија Бруно Л Мер.

 

Министерот на Франција се залага за „фаворизирање“ на европските производи кои треба да учествуваат со  40, 50 или 60 отсто   на јавните тендери, или да се бараат највисок  квалитет и еколошки стандарди.

 

Италијанскиот министер за економија  Алберт Урсо смета дека поддршката на европската конкурентност во технологијата треба да се одвива преку почитување на  прописите на Светската трговска организација, додека Германскиот министер за економија Роберт Хабек ја истакнал потребата за рамноправни услови за европската компанија.

 

-        Европа не може само да ги надгледува спроведувањето на прописот, мора да биде и актер во економската политика, вели Хабек.


фото freepic

 

 

ПРЕПОРАЧАНО