Бизнис

Германските земјоделци го зголемуваат органското производство

08.04.2024г.

Минатата година во Германија околу 28.700 земјоделци ги следеле правилата за еколошко производство, што е зголемување за десет отсто во споредба со 2022 година. Во Германија околу 11 отсто од земјоделските стопанства се занимаваат со органско производство, објави државниот статистички завод Дестатис.

Минатата година има висок пораст од 12 отсто на еколошко производство во сточарството. Од 161 илјада сточарски и живинарски фарми на органско производство преминале 19.200 стопанства, пренесува Б92.  

Во истиот период има проширување и на површините со органско  земјоделско производство, кои учествуват  со 11,2 отсто од вкупното обработливо земјиште кое изнесува  16,6 милиони хектари.  


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано