Бизнис

Домашна градежна компанија ја модернизира опремата со поддршка од ЕБОР и донаторите

08.04.2024г.

Гоце Стојаноски, директор на Стентон Градба


 Компанијата ги ползува предностите на ЕБОР програмата,SMESustainable Reboot Programme, поддржана од Луксембург, Норвешка и САД

Модернизирање на патната инфраструктура е врвен приоритет во Северна Македонија во последната декада. Значајниот развој на патната инфраструктура беше потврда за Стентон Градба, како домашна компанија која јасно се етаблира како значаен играч признаена со квалитет и агилност во своето работењето во градежништвото.

Со агилен пристап до ослободување на потенцијалот за конкурентност

По пат на приоритизирање на флексибилноста и квалитетот Стентон Градба направи успешно издвојување на пазарот како доверлив партнер во градежниот сектор, со способност да ги пресретне со прецизност и професионализам растечките потребите и очекувањата на своите клиенти. „Во градежништвото е клучно да се користи нова врвна технологија. Понатаму, склони сме кон создавање синергии преку стратегиските партнерства кои ги негуваме со различни учесници за различни проекти. Овие белези беа одлучувачки за Стентон Градба, за креирање препознатливост како добавувач со способност едновремено да испорача квалитет и ефикасност. Компанијата сѐ повеќе е препознаена како последен ресурс давател на квалитетни услуги, особено кога се појавуваат непредвидени предизвици кај одредени проекти.“ вели Гоце Стојаноски, директор на компанијата.

 

Значајна одредница за компанијата беше изградбата на патна мрежа во должина од 19 километри на Фаришката клисура, која отпочна во 2020 година. Проектот придонесе за етаблирање на компанијата како значаен играч во градежништвото на домашниот пазар, и отвори вредни перспективи за нејзин иден раст.

„Оваа траекторија на раст бараше значителни инвестиции. Замената на старите машини со нова и модерна опрема стана императив за стратегијата на компанијата,“ објаснува Стојаноски.

Зајакнување на конкурентноста низ инвестиции во специјални кипер камиони

Компанијата неодамна инвестираше во модернизирање на опремата преку Sustainable SME Reboot Programme на Западен Балкан. Оваа програма ги поттикнува малите и средни претпријатија (МСП) во унапредување на нивната отпорност и продуктивност со инвестиции во одржливи и конкурентни технологии. Програмата е креирана од страна на ЕБОР и е поддржана од Луксембург, Норвешка и САД преку Small Business Impact Fund на ЕБОР (Ирска, Италија, Јапонија, Кореја, Луксембург, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Тајван и Соединетите Американски Држави).

“Користевме кредит на ЕБОР преку Стопанска Банка за набавка на два специјални кипер камиони. Кредитот беше придружен со бесплатна техничка помош, како составен дел од ЕБОР програмата. Таа ни помогна во приоритизирање на инвестициите за усогласување со ЕУ и меѓународните директиви во областите на заштита на животната средина, безбедност и здравје на работниците и квалитет и безбедност на производите. По завршување на проектот, добивме грант во износ од 15% од вкупната вредност на инвестицијата,” вели Стојаноски."

 

Придонес во ублажување на климатските промени со набавка на нови возила

Стентон Градба го постави одржливиот развој за камен темелник во деловната стратегија, со ова презентирајќи силна посветеност кон одговорноста за животната средина. Со вклучување одржливи практики во работењето, компанијата се стреми не само да ги оствари сопствените деловни цели, туку и да допринесе позитивно на животната околина.

„Возилата кои неодамна беа набавени во програмата на ЕБОР, SME Reboot, се енергетски ефикасни и екипирани со 6-е мотори. Тие ги намалуваат ЦО2 емисиите за 72.42 тони годишно, споредено со претходните возила со кои тие се заменети. Ова е значајно на најмалку две нивоа. Тоа упатува на одговорни практики во областа животната срединаи социјалните прашања кои придонесуваат пошироко на животната околина. Понатаму, адресира на слабата точка: загадувањето на воздухот во државата.” објаснува Стојаноски.

Исцртување на визијата со извозно-ориентиран раст

Стратегиска цел на Стентон Градба во текот на следните пет години вклучува одржување на траекторијата за постојани инвестиции. „Имаме смела визија за обновување на возниот парк. Тоа ќе ја дефинира нашата понатамошна конкурентност, не само на домашниот, туку и на странските пазари каде Стентон Градба ја проектира сопствената иднина. Тековно, во тек се пар мали проекти во Албанија. За нас тие значат стекнување искуство во понатамошен развој на нашите капацитети да испорачуваме брза, ефикасна и добра работа во регионот на Западен Балкан“, заклучува Стојаноски.

 

ПРЕПОРАЧАНО