Бизнис
Рекордно ниво на вработеност во приватните компании во САД
04.04.2024г.
Приватните компании во САД во март вработиле 184.000 нови работници, што е најголемо ниво на вработеност од минатото лето, објави денеска американскиот Институт за обработка на податоци АДП.
Резултатите во март покажуваат дека се најголем месечен раст на вработувањето, наспроти очекуваниот поскормен раст. Минатиот месец во секторот на услуги биле отворени 142 илјади нови работни места, а во производството дополнителни 42.000.
Најголем раст е забележан во категоријата угостителство за 63 илјади, градежништвото со 33.000, во трговијата, транспортот и комуналните услуги се вработени нови 29.000 работници, објави „Еуроњуз“.
фото freepic