Бизнис

Грција направи најголем напредок во подобрување на деловниот амбиент

02.04.2024г

Сингапур, Данска и САД се најдобри места во светот за водење на бизнис, покажува истражувањето за рангирање на деловното опкружување спроведено од Економист интелеџенс јунит. Истражувањето е спроведено во 82 земји и територии, кое е  направено врз основа на неколку индикатори, како што се инфлацијата, трошоците на живот, економскиот раст и фискалната политика.

-       Сингапур е најдобра географска локација на светот за водење бизнис, како и во претходните 16 години, изјави Прианти Рој, аналитичар за Европа.    

Првото место на Сингапур како водечка деловна дестинација  е резултат на политичката стабилност и фокусот на владата за помагање на технолошкото подобрување на  домашните компании во приватниот сектор.

Прогнозите во наредните пет години се дека Сингапур, Данска и САД ќе имаат најдобро деловно опкружување. Германија и Швајцарија се на четврто и пето место. Во групата на десет најдобри бизнис дестинации се наоѓаат и Канада, Шведска, Нов Зеланд, Хонг Конг и Финска.

Најдобар напредок во подобрувањње на деловната клима постигнале Грција, Катар и Индија, пренесува „Бизлаив“.


 

фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО