Бизнис

Минимално зголемување на бројот на работниците во индустријата во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година

02.03.2024г.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 101.5.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.8 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.7 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.4 %, Капитални производи за 14.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на периодот јануари – февруари 2023 година, изнесува 102.0.

ПРЕПОРАЧАНО