Бизнис
“Витаминка” Прилеп оствари позитивен финансиски резултат во 2023 година
02.04.2024г
П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Декември 2023 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Во соопштеието доставено до Македонската берза стои дека „Остварените консолидирани вкупни приходи за 2023 година изнесуваат 3.540.374 илјади денари и во споредба со остварените во 2023 година бележат пад од 10%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година за извештајниот период бележат пад од 10%. Падот на вкупните приходи е во корелација со оперативното работење за извештајниот период и најголемо влијание има падот на цената на маслото за јадење“.
Во однос на расходите, остварените консолидирани вкупни расходи за 2023 година изнесуваат 3.450.536 илјади денари и во споредба со остварените во 2022 година бележат пад од 15%. Падот на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за извештајниот период, стои во соопштението.
Вкупните консолидирани инвестиции во основни средства за 2023 година изнесуваат 105.215 илјади денари. Генерално инвестицијата се однесува на купувањето на опрема,транспортни средства, недвижен имот, градежна реконструкција и адаптација.