Бизнис

За првпат индиската влада потпиша трговски договори со четири европски земји

10.03.2024г.

Индија го освојува пазарот на Европа

Индиската влада потпиша трговски договори со Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија со кои се најавува инвестиции од 100 милијарди долари и отворање на милион нови работни места во следните 15 години. На денешното потпишување на договорите во Њу Делхи присуствувале индискиот министер за трговија и индустрија Пијуш Гојал и министрите од четирите европски држави.

Договорите ја опфаќаат трговијата со производи и услуги, промоција и соработка во инвестициите, заштита на интелектуалната сопственост и  трговијата. Со овие договори индиските извозници ќе имаат пристап на европските и светките пазари. Воедно, Индија се обрзува значително да ги намали царините  на индустриските производи од овие четири европски земји, кои го сочинуваат Европското здружение за слободна трговија (ЕФТА).

Министерот Гојал изјави дека за првпат Индија потпишала договори со некој поважен економски блок во Европа.  Официјален Њу Дели се ангажира и за склучување на трговскиот договор со Велика Британија и Европската Унија.


фото feepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано