Бизнис

Индија вложува над милијарда долари во вештачка интелегенција

Индија ќе вложи 1,2 милијарди долари во проекти за вештачката интелегенција (ВИ), кои ќе бидат искористени за поставување на компјутерска инфраструктура и финансирање на стартапите со вештачка интелегенција, се наведува во соопштението од индиското Министерство за информатичка технологија, пренесува АФП. 

-        Оваа инвестиција ќе го позиционира индискиот систем на вештачка интелегенција како сила која ќе ја обликува иднината на ВИ во Индија и светот, изјавија од индиското министерство.

До 2027 година новиот пазар за вештачка интелегенција во Индија ќе достигне вредност од 17 милијарди долари. Оваа сума е мал дел од глобалниот пазар на софтвери за вештачка интелегенција, која би достигнала 297 милијарди долари. Индија има развиена голема индустрија за софтверски услуги, чиј раст почнува во 1990 година, а со влегувањето во зоната на вештачка интелегенција земјата станува закана за другите земји во светот, кои инвестираат во ВИ.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано