Бизнис

Мукаетов: Ни треба поддршка на извозот со мерливи инструменти

08.03.2024г.

Јакнењето на конкурентноста како предуслов за повисок раст на македонската економија 

Македонија е мал пазар но со многу успешни приказни и мораме да најдеме начин да ги раскажеме надвор. За високи стапки на раст на Македонија ни треба квалитетно производство, подготвен и обучен кадар, да имаме инвестиции во развој и во нови технологиии, но и начин како да се диференцираме од конкуренцијата. Исто така, да успееме да создадеме  додадеме вредност да ги следиме сите еколошки стандарди и дополнително да се интенгираме во Европа и пошироко, изјави Живко Мукаетов, членот на Одборот на директори на организацијата Македонија 2025, кој ги претстави мерките во планот Една визија за забрзан раст. 

Заради јакнење на конкурентноста на македонската економија, директорот на Алкалоид предложи создавање на системска поддршка на извозно ориентираните компании преку мерливи инструменти, а не од аспект на популизмот.

-        Мерливите показатели треба да покажат каков е ефектот од потикнувањето на извозот на некоја компанија. Колкав е ефектот на еден денар и колку вратил како додадена вредност. Динамиката и обемот на економскиот раст на нашата земја директно зависи од тоа колку и што извезуваме. А, за да можеме да се надеваме на зголемување на извозот неопходно е веднаш да се зафатиме со намалување на непотребниот бирократски товар за извозниците и регулативата која не само што не им помага, туку и ја намалува нивната конкурентска позиција, рече Мукаетов, кој ја понуди помошта од „Алкалоид“ за другите домашни компании да го изодат успешниот пат кон повисок извоз и раст на компанијата.  

За подобар раст на македонската економија над пет отсто, потребно е да се понуди внатрешна стабилност и сериозно да се подготвиме за надворешните пазарни прилики. Но пред се, како што забележа Мукаетов, да го цениме тоа што го имаме дома и да се посветиме на домашното производство и да  веруваме во нашите капацитети.

ПРЕПОРАЧАНО