Бизнис
Продолжуваат позитивните трендови на пазарот на автомобили во Велика Британија
07.03.2024г.
Британците со рекордна продажба на нови автомобили
Продажбата на новите автомобили во Велика Британија во февруари е на највисоко ниво во последните 20 години. Во февруари се продадени 84.866 возила со остварен раст за 14 отсто, објави бртитанското Здружение за производители и трговци со моторни возила (СММТ).
Во февруари годинава е забележан 19 последователен месечен раст на продажбата на нови автомобили во Британија, пред се поради поголемата побарувачка од компаниите кои вложуваат во обнова на своите возни паркови и купуваат нови возила, пренесува Гардијан.
Продажбата на хибридни електрични возила (ХЕВ) порасна за 12,1 отсто, а продажбата на плаг-ин хибридни возила за 29,1 отсто, а продажбата на електрични возила на батерии (БЕВ) за 21,8 отсто.
фото freepic