Интервјуа

Јаневски: Со Галеника секогаш сте чекор понапред во заштита на здравјето

Интервју со Даниел Јаневски, директор на претставништвото на Галеника во Македонија

27.02.2024г

Новата стратегија ја ориентира Галеника кон корисниците, со цел да се обезбедат релевантни висококвалитетни лекови од најновата генерација на пазарите каде сме присутни во регионот, ЕУ и на глобално ниво. Галеника сака да обезбеди квалитетни и достапни лекови за сите на кои им се потребни.

Во фармацевтската индустрија компанијата Галеника се издвојува како еден од лидерите фокусирани да се унапреди здравствената заштита, да се понудат нови современи производи, но и да се подигне свесноста кај населението за важноста на превенцијата. Со Даниел  Јаневски, директорот на претставништвото на Галеника во Македонија разговараме токму за она што на вработените во Галеника им овозможува да бидат „посветени на луѓето, верни на здравјето“, како што е и слоганот на компанијата.

Освен во Македонија, Галеника успешно работи на пазарите во регионот, а со извозот со  на своите производи, Галеника е присутна на дури три континенти.

Покрај тоа Галеника неодамна ја купи српско-словенечката компанија Lifemedic, специјализирана за дистрибуција на додатоци во исхраната и козметички производи произведени од италијанската компанија Pharmalife Research.

-        Колку сте задоволни од минатогодишните резултати и како тие ќе влијаат на вашето работење во 2024 на македонскиот пазар?

Работиме во една динамична средина во која за да се биде успешен неопходно е брзо прилагодување на промените и околностите. Годинава ја почнавме со лансирање на десетина нови производи на македонскиот пазар. Имаме нови и модерни козметички производи, лекови како и додатоци во исхраната. На пример Chymoral, кој е повеќе од 50 години на пазарот со успешна и докажана делотворност,  годинава пристигнува на македонскиот пазар како Chymoral S и е со збогатен состав со ензимот серапептаза. Заедничко за сите наши производи е препознатливиот висок квалитет по кој македонскиот потрошувач традиционално ја препознава Галеника. Потоа нови производи се и од брендот Oligovit: Oligovit Her, Oligovit His, Oligovit Menopause, Oligovit C 1000mg како еден индивидуален пристап за потребите на современите мажи, жени и жени во менопауза. Во кардиолошкиот сегмент комбинираниот лек од rosuvastatin со ezetimibe, кој како генерика е дел од кардиолошките водици во третман на дислипидемиите. Го проширивме и семејството на Pantenol брендот со Pantenol лосион за тело и Pantenol 10% спреј за коса.

Фокусот е на нега на најголемиот човеков орган – кожата и нудиме поголем избор на дерматолошки производи. Пантенолот, е дериват на витаминот B5, и традиционално се користи затоа што ја смирува иритираната кожа, а познат е и по тоа што ја обезбедува посакуваната влажност на кожата. Терапевтскиот потенцијал на Пантенол го користиме преку повеќе производи кои се грижат за различните потреби на кожата, но имаме и производи за нега на косата и брадата.

Независно дали се справува со сувост, иритација или промовирање на целокупното здравје на кожата, линијата за нега на кожа Пантенол на Галеника се потпира врз сопственото искуство стекнато во периодот подолг од 60 години.

-        Галеника е препознатлива на нашиот пазар и по врвниот квалитет на додатоци во исхрана наменети за деца и бебиња. Што подготвувате за најмладите членови во семејството?

Фокусот е да им обезбеди на родителите доверливи и ефективни решенија за одржување на здравјето на детето уште од најраните фази на животот. Показател на тоа се докажаните Beviplex гранули, Oligovit сирупот, Flonivin kids immuno пробиотскиот производ итн.

Галеника годинава ја почнува со соработка со италијанската компанија Pharmalife Research која произведува  додатоци во исхраната и козметички производи за деца.

-        На што ќе се фокусира Галеника во Македонија?

Портфолио на Галеника опфаќа околу 280 генерички лекови на рецепт, додатоци на исхраната, козметички производи, медицински средства и предмети за општа употреба. Во Македонија компанијата ужива традиционална доверба поради врвниот квалитет на производите. Галеника ја препознава клучната улога која ја имаме пред македонските потрошувачи за успешна превенција и заштита на здравјето. Со Галеника сте секогаш чекор понапред во заштита на здравјето, затоа што вложуваме да одговориме на потребите на современиот потрошувач. Соодветно нудиме производи со врвен квалитет и присутни сме преку иницијативи да ја подигнеме превенцијата на повисоко ниво. Новата стратегија ја ориентира Галеника кон луѓето, со цел да се обезбедат релевантни висококвалитетни лекови од најновата генерација на пазарите каде сме присутни во регионот, ЕУ и на глобално ниво. Галеника сака да обезбеди квалитетни лекови за сите на кои им се потребни.

-        Преку бразилскиот NC Group, Галеника успешно соработува со една од најголемите фармацевтски компании во Латинска Америка – EMS. Кои се бенефитите од таа соработка?

Од крајот на 2017 година Галеника е дел од бразилската NC Group и во денешното портфолио јасно се гледа влијанието на групацијата, која го постави темелот за идниот и развојни можности. Галеника своето работење го насочува кон креирање на долгорочни вредности, и овој пристап кон бизнисот е дел од стратегијата на бразилски сопственик Галеника да се позиционира како регионален, но и меѓународен лидер во индустријата. Компанијата EMS од Бразил е сестринска компанија на Галеника, и од соработка со нив Галеника досега успешно реализираше 10 технолошки трансфери на генерички лекови од новите генерации. Иновациите се во фокусот на индустријата, но и на самата компанија, па и Галеника ја негува таа култура на креативност што го поттикнува развојот на нови терапии.

-        Како  гледате на развојот на фармацевтската индустрија во регионов?

Технологијата веќе ја трансформира фармацијата и во регионот. Само за пример, Галеника изминатите години успешно се соочи и ја имплементираше дигитална трансформација, која заедно со вештачката интелигенција, напредната аналитика, биолошките лекови и персонализираната терапија во последниве години се тренд во фармацевтскиот свет. Благодарение на тој процес Галеника денес има напредни алатки, информации и способности кои ни даваат подобар увид во глобалните настани, ја подобруваат соработката со партнерите и овозможуваат поефикасно планирање, брз одговор и донесување одлуки. Односно, станавме поагилни за успешно да одговориме на барањата на пациентите и потрошувачите. Тоа овозможува Галеника успешно да работи не само во Македонија, во регионот или во ЕУ, туку успешни сме на три континенти.

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано