Бизнис

Азески во Брисел на средба со Жорж-Луи Бушез

22.02.2024

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, кој годинава е и претседател на Асоцијацијата на балкански комори (АБК), Бранко Азески во Брисел имаше работен ручек со Жорж-Луи Бушез, претседател на владејачката партија Реформистичко движење (Mouvement réformateur-MR). Средбата се одржа во седиштето на партијата, каде присуствуваше и Марија Кумбароска, претставникот на Стопанската комора во Брисел.

На средбата се разговараше за неколку прашања, вклучувајќи ги и моменталните односи помеѓу Белгија како претседавач на Европската Унија и Балканските земји. Се констатира дека за бизнисите на двете страни е битно да се помогне на Асоцијацијата на балкански комори во земјоделието и во судството, за да не се изгуби драгоцено време во подготовките за отпочнувањето на преговорите.

Договорено е и организирање на средба помеѓу американските бизнисмени со потекло од Македонија и Бизнис советот на Балканскиот коморски инвестициски форум во Брисел во јуни, која ќе стане традиционален настан. Исто така, утврдена е соработка на инвеститорите од Бенелукс и Балканот.

Претседателот на Стопанската комора Азески му посака голем успех на претстојните федерални избори во Белгија и го покани да ја посети Македонија. На фотографиите од средбата се забележува зградата на Палатата на правдата во Брисел од 19 век, најголема во светот, која можеби ќе биде симболот на соработката помеѓу двата региона и во спортот бидејќи г. Бушез има свој фудбалски клуб.

ПРЕПОРАЧАНО