Бизнис

Заробени средства: EOС ги враќа недвижностите на пазарот

Економија и бизнис | печатено издание | октомври 2023г.

Изложена тула, испукани дрвени греди и распаднат малтер. Имотот што ЕОС го стекна во 2021 година во селото Режанци на Полуостровот Истар во Хрватска беше во мизерна состојба. Вилата стара 100 години беше запоставена со децении. Последните сопственици „чуваа свињи овде“, вели Анте Рицов кој е одговорен за развој на недвижен имот во EOС Хрватска, „ова е типичен случај на заробено средство“.
Во секторот на недвижности, заробените средства се имоти кои не вредат ништо или речиси ништо во случај на продажба. На некои пазари ваквите недвижности отсекогаш биле пронајдени во пакети со нефункционални побарувања (НП [NPL]) што ги купил EOС, вели Кнут Зиберт, виш потпретседател за вреднување на обезбедени портфолија во EOС. Меѓутоа, долго време EOС не се фокусираше на развивање на овие имоти пред да ги продаде. Но, тоа сега почнува да се менува и му овозможува на EOС да ја прошири својата област на експертиза.
Нова експертиза како инвеститор во „заробени средства“. Причините за овие промени се многубројни. „Во Хрватска, на пример, пазарот на нефункционални пласмани за побарувања обезбедени со недвижен имот е речиси непостоечки во моментов“, вели Бернхард Мелишниг, управен директор на EOС во Хрватска. „Банките ги исчистија своите портфолија.“


Затоа во иднина ќе има нов фокус: „Оживување на имотите што се отстранети од пазарот“, вели Бернхард. „Сепак, за да го направиме ова ни треба знаење и способности кои досега не биле дел од нашата основна област на експертиза.“ Така се приклучи во тимот Анте Рицов. Развојниот инженер со децении раководи со градежни проекти во Хрватска. Неговата задача сега е свињарникот во Режанци повторно да го претвори во вила опремена со комплетно нов систем за греење, водоводни цевки, електрична енергија и базен. Анте ќе го развие новиот дизајн, ќе бара и ќе ангажира изведувачи и ќе ја надгледува изградбата. Проектот не е комплексен за управување, вели тој. „Намерно сакавме да започнеме со мали димензии за да ни овозможат да изградиме искуство што потоа можеме да го пренесеме на поголеми имоти.“
Во исто време Анте управува со проект за претворање на недовршена зграда во близина на Загреб во станбен блок. Во овој случај, сепак, EOС не ги врши градежните работи, туку го финансира градежниот изведувач. „Тоа исто така е нова улога“, вели Бернхард. „Целта е да се обезбеди сеопфатна услуга за заробени средства, без разлика дали во својство на брокер или на инвеститор. За таа цел го комбинираме знаењето на Анте со нашата правна и комерцијална експертиза. Ова е уникатна вредност (УВ [USP])што никој друг во Хрватска не може да ја понуди“.

Претворање на градби во зелени површини. „Исто така постои зголемен фокус на меѓународните ’заробени‘ средства“, вели Кнут. Катализатори се построгите барања за одржливост, на пример во форма на директивата на ЕУ за обврските за транспарентност поврзани со одржливоста во секторот на финансиски услуги. Затоа во иднина имотите исто така ќе бидат рангирани според аспекти како енергетска ефикасност и вид и обем на употребени материјали. „Ова ќе создаде нова форма на ’заробени‘ средства“, вели Кнут, „бидејќи во случај на многу имоти, инвестицијата неопходна за одржлива реконструкција не може да се надомести преку наем“. Кнут го гледа овој развој не како ризик, туку како можност.
„Со децении зградите се појавуваат на зелени полиња. Сега мораме да размислуваме за претворање на градбите во зелени полиња. Во најбуквалната смисла на зборот. Земјоделска земја и ливади, зони за соларна енергија или системи за складирање на електрична енергија, биотопи и ливади за пчели би можеле да бидат можни употреби за такво земјиште . Со оглед на ова, Кнут има цел да воспостави нови поврзувања и да разговара со компании кои би можеле да бидат корисни за овој вид проекти за пренамена на цели, како што се снабдувачите на системи за соларна енергија. Во исто време, тој сака да развие нова експертиза во рамките на компанијата. „Сè уште нема профил на работа за менаџери за заробени средства, но ова е насоката во која треба да се насочиме.“ Затоа идните процеси на вработување ќе ги земат предвид квалификациите надвор од сегментот на недвижности, на пример, искуство во секторот на обновливата енергија. Постоечките вработени ќе можат да ги прошират своите знаења преку професионални обуки.
„Сè уште постои јаз меѓу европските економии“, вели Кнут, „особено во некои земји во Источна Европа одржливите решенија во моментов сè уште имаат мала релевантност за инвеститорите. Но, тоа е само прашање на време пред ова прашање да се појави и таму. И тогаш ќе имаме предност благодарение на знаењето што го стекнавме на меѓународно ниво“.
Фотографија од комплекс со неколку недовршени вили на Миконос кои ЕОС ги реструктурира според одржливи стандарди.


Одржливите обнови се инвестиции во општеството. Во Грција, ова прашање веќе се појави. „Toa е тренд овде веќе пет години“, вели Јанис Деликанакис од грчкиот партнер на ЕОС, компанијата Саутрок (Southrock). „Веќе две години хотелите и канцелариските згради мора да имаат еден од два можни сертификати за одржливост. Овие стандарди ги зголемуваат трошоците за обнова на зградите за 10 до 15 проценти“, вели Јанис. Но, ова исто така за нас претставува можност. „Можеме да му дадеме нешто назад на општеството“. На пример, во Фокос, во североисточниот дел на Островот Миконос, ЕОС и Саутрок конвертираат 11 недовршени вили. „Седум од нив беа само скелети, тие дури и немаа прозорци“, вели Јанис. „Таа глетка е причината зошто има многу малку посетители на плажите во областа.“
Вилите сега се обновуваат според одржливи стандарди, со соларни панели на покривите, пумпи со ниска потрошувачка на енергија, единица за рециклирање на дождовна вода и паметни системи за вентилација кои го исклучуваат климатизаторот ако се отворат прозорците. „Ние сме првите кои ги спроведуваат овие видови проекти во Грција“, вели Јанис. „Се разбира, сакаме да заработиме пари со овие проекти. Но, исто така, се враќаме на пазарот со нови одржливи имоти кои претходно предизвикале проблеми за општеството, како што е загадувањето. Реструктурирањето на заробени средства е слично на рециклирање на недвижен имот“, додава Кнут. И тоа претставува можност: „Така можеме да придонесеме за заштита на животната средина.“
ЕОС и недвижностите. Основната дејност на ЕОС Групацијата (EOS Group) вклучува наплата на побарувања, откуп на побарувања, меѓународна наплата на побарувања и останати финансиски услуги. Им помагаме на бизнисите да ги повратат неподмирените побарувања и да управуваат со побарувањата. Со проширување на своите операции во можности за инвестирање во недвижности, ЕОС не само што ја надополнува својата експертиза како водечки инвеститор во областа на управување со побарувањата и ги враќа недвижностите на пазарот туку и придонесува кон домашната економија.


На фотографијата е прикажана една руинирана зграда во Режанци, Хрватска, „заробено средство“ кое EOС Хрватска го враќа на пазарот


Марвин Рамке, главен извршен директор на групацијата ЕОС, во последното интервју по повод годишниот извештај за финансиската година 2022/2023 на прашањето „Кои фактори придонесоа за позитивниот резултат?“ сподели: „Најпрвин, нашите вработени, на кои сакам да им изразам благодарност за нивната работа и посветеност. Без нив ова не би било можно. Благодарение на нивната посветеност успеавме значително да го прошириме купувањето на пакети за побарувања − дури и на пазари каде што имавме тешкотии во минатото. Тие отворија и нови можности за инвестирање. Еден пример за тоа е соработката со подружницата на Светска банка ИФЦ (IFC) преку која заеднички откупуваме обезбедени побарувања во Источна Европа.“ Во однос на успехот кој го постигна ЕОС во секторот недвижности, повеќе детали даде Јустус Хекинг-Велтман: „Дополнителен момент е што нашето портфолио на нефункционални кредити е многу широко; вклучува обезбедени и необезбедени побарувања, како и недвижен имот, и тоа во повеќе од 20 земји. Тоа ни дава огромна стабилност како групација бидејќи не сме зависни од поединечни пазари. Нашата долгогодишна експертиза како купувач на портфолија на НП (NPL), но и нашето трпение на некои пазари даде плод оваа година, овозможувајќи ни да инвестираме невообичаено висока сума од 1,2 милијарди евра. Исто така овде треба да се каже дека нашите меѓународни тимови уште еднаш завршија извонредна работа.“
ЕОС Матрикс има свое претставништво во Северна Македонија каде што компанијата ќерка 20 години е водечки финансиски инвеститор во сегментот на управување со побарувања. Како членка на ЕОС Груп, ЕОС Матрикс има голема меѓународна експертиза и нуди напредни решенија за клиентите, креирајќи можности за економски развој. Во моментов ЕОС Матрикс, со седиште во Скопје, го гради своето портфолио на инвестиции во недвижностите. ЕОС оваа година на пазарот пласираше одлична можност за инвестиција. Тие располагаат со деловен објект во Охрид кој, во моментов, е на продажба и кој е одлична можност за домашните и странските инвеститори. Компанијата ја истакна својата намера да го развива пазарот на недвижности и да ја донесе меѓународната експертиза во оваа област и во Македонија. За повеќе информации за сите можности и услуги кои ги нуди ЕОС во Македонија посетете ја официјалната веб-страница на компанијата на следнава адреса:
<https://mk.eos-solutions.com/services>.


 

Поддржано од EOS Matrix


 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано