Бизнис

Мизо: Трендот на електрификација ќе продолжи, но со поспоро темпо, и сè поголем број на кинеските брендови на европскиот пазар

Што очекувате од 2024 година?

Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“

„Во 2024 година очекувам автомобилската индустрија на глобално ниво да остане во „ниска брзина“ со раст на продажбите од околу 3 %, а во Европа од под 2 %. Трендот на електрификација ќе продолжи, но со поспоро темпо, и сè поголем број на кинеските брендови на европскиот пазар.
Делумно подобрената состојба во синџирите на снабдување ќе овозможи повисоко глобално производство на возила, но продажбата ќе биде под притисок од голем број фактори, а посебно од слабиот глобален економски раст, зголемените трошоци за живот и повисоките каматни стапки. Геополитичките ризици, како и ривалството меѓу САД и Кина ќе ги принуди компаниите да ги адаптираат своите синџири на снабдување и инвестициските стратегии. Овде ја гледам можноста за потенцијално поентирање, пред сè од страна на постоечките инвеститори во Македонија и префрлање на дел од производството кај нас. Сепак, претстојниот изборен процес со „традиционалниот“ застој и дефокус од економските теми на краток рок, како и потребата за итно ресетирање на образовниот систем и креирање на неопходни − пред сè технички кадри од страна на новата влада, на среден рок ќе бидат предизвици за сите нас.“

ПРЕПОРАЧАНО