Интервјуа

Маркес: Фокусот на Галеника е на квалитет, развој на портфолиото и иновациите – клучни предуслови за раст и конкурентно глобално присуство во фармацевтската индустрија

Интервју со генералниот директор на Галеника

Годинава што завршува е период во кој фармацевтската компанија Галеника се фокусираше на инвестиции во раст и развој кои ги зацврстуваат нејзините позиции на пазарите каде работи. Вложувањето во нови производствени капацитети е само дел од инвестицискиот циклус во последниве шест години, кои компанијата ги темели врз определбата за производство и унапредување на висококвалитетни производи. Посветени на луѓето и верни на здравјето, Галеника бележи постојан раст откако стана дел од бразилската NC Group. Годинава, кога  го одбележува 78 јубилеј како фармацевтски лидер во регионот и пошироко, компанијата го зголеми семејството со аквизиција на српско – словенската компанија Lifemedic d.o.o. од Белград со што ја презема ексклузивната дистрибуција на производи од реномираната италијанска компанија Pharmalife Research за пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора.

За идните планови на српската компанија, како и за значајниот раст и досегашен развој разговараме со генералниот директор на Галеника Рикардо Виан Маркес.


 

-          Изминативе неколку години, кои се карактеризираат со глобални економски превирања, Галеника успешно постигна раст и развој. На што се должи овој раст?

Силата ја црпиме од нашето 78 годишно наследство, како признат регионален бренд препознатлив по квалитетот на производите, но дефинитивно ја насочуваме кон непрекинат раст на нашето деловно работење, модернизирање и дигитализација на процесите, развој на тимот, и раст на портфолиото на производи. Тоа е одговорност што ја имаме кон нашите потрошувачи, постојано да сме на врвот со новитети и врвен квалитет кој ја унапредува превенцијата и заштитата на здравјето. Ние сме постојано посветени на луѓето и верни на здравјето, и низ таа призма ги водиме и нашите деловни активности. Факт е дека тоа е одлична комбинација, која овозможи Галеника да има постојан раст од влезот на NC Group досега. Односно во проширивме нашето деловно работење на 16 меѓународни пазари, вклучувајќи ги и оние во Европската унија, а за овие шест години во Србија регистриравме 64 нови производи, и 216 нови производи на регионалните пазари и пошироко. Во соработка со нашата сестринска компанија од Бразил, EMS успешно реализиравме 10 технолошки трансфери на генерички лекови од новите генерации. Реализираме нови партнерства и посветени сме на корпоративно одговорни активности за подигање  на свеста за превенција за заштита на здравјето.

Актуелното портфолио на компанијата опфаќа околу 280 генерички лекови на рецепт, додатоци на исхраната, козметички производи, медицински средства и предмети за општа употреба.

-          Која е ползата за потрошувачите од поврзаноста на Галеника преку NC Group со сестринската компанија EMS?

Галеника самостојно е способна да се натпреварува регионално и пошироко со стручноста и квалитетот. Стратешката соработка со останатите компании во NC Group овозможува размена на технологијата која придонесува Галеника да биде лидер, тренд сетер во фармацевтската индустрија во регионов. Фармацевтскиот сегмент е една од стопанките гранки во кои NC GROUP е вклучена во Бразил. Од над 10.000 вработени во Групацијата, половина се во фармацевтскиот сектор кој е сржта на нашите бизнис активности и силни сме во овој сегмент. На пример,  сестринската компанија EMS, која е исто дел од NC Group, е најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите во Латинска Америка. Извезува на 55 пазари, и поседува четири производствени погони во Бразил и една истражувачка лабораторија Монте Рисрч во Италија.

Имаме континуиран трансфер на знаење за унапредување на процесите и благодарение на таа поврзаност, континуирано вршиме трансфер на технологии за генерички лекови од новите генерации. Со тоа и нашето портфолио постојано расте и се унапредува. Од почетокот на 2023 година Галеника успешно спроведе трансфер на технологија од EMS за 6 производи од поновата генерација на генерички лекови и започна со подготовка за уште 3.

-          Како компанија сте вклучени со активности кои ја подигаат свеста за важноста на превентивата, колку заедницата е заинтересирана за превенцијата?

Верувам дека успеваме да одговориме на очекувањата на потрошувачите. На пример во Македонија ја препознаваме нивната доверба која традиционално ја имаат во производите на Галеника, и работиме да изградиме партнерски однос со цел подобра заштита на здравјето. Современиот потрошувач на секој пазар ја согледува потребата од тоа да преземе активности кои ќе ги зголеми можностите да останат здрави подолго време. И ние како компанија се трудиме да одговориме со конкретни активности кои промовираат здрави животни навики, со нови иновативни производи или правиме истражувања кои треба да предизвикаат промени во животниот стил кон здрав стил на живеење.

Галеника ја препознава клучната улога која ја имаме за успешна превенција и заштита на здравјето. Соодветно нудиме производи со врвен квалитет и присутни сме преку иницијативи да ја подигнеме превенцијата на повисоко ниво.

-          Кои се очекувањата и плановите за 2024 година?

Развиваме нова стратегија за Галеника која е и ориентирана кон луѓето, и ќе ни овозможи да се  фокусираме на двигателите на раст и иновации. Проширувањето на портфолиото и понатаму ќе биде во насока да се обезбедат релевантни висококвалитетни лекови од најновата генерација на пазарите каде сме присутни во регионот, ЕУ и на глобално ниво.

Следната година очекуваме да ја пуштиме во функција новата фабрика за производство на пептиди, која е во изградба. Во следните години планираме да имаме дури 5 производи, што значително ќе ја зголеми нашата продажба и ќе отвори терапевтски области каде Галеника сè уште не е застапена. Сакаме да обезбедиме лекови за сите на кои им се потребни.

Во годините кои следуваат очекувам големи работи за Галеника. Ние користиме предвидлива аналитика и вештачка интелигенција за да ги забележиме потенцијалните предизвици и можам да најавам дека веројатно ќе правиме работи што никогаш претходно не биле направени. Прилично неверојатно, навистина.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано