Анализи

Анализа на светската трговија со акцент на македонската економија

17.11.2023г.

Во последните неколку години многу работи се променија кога е во прашање светската трговија. Првично истата беше нарушена со ковид кризата, за подоцна да биде изместена од колосек со војниот конфликт во Украина. Во оваа анализа ќе анализираме неколку текови од последната година и ќе се обидеме да ги извлеќеме клучните поенти. Истите треба да послужат како патоказ за сите компании кои се имаат воспоставено трговски односи со надворешни партнери.

Од горниот графикон може да се забележи движењето на вкупниот извоз поделен во три сегменти. Првиот, означен со сина боја го претставува извозот на светско ниво и според неговите амплитуди може да заклучиме дека во изминатите 10 години тој се зголеми за повеќе од 500 милијарди долари. Притоа, во периодот од 2014 до 2016 година евидентирано е континуирано ниво под почетната граница од 1,500 милијарди долари. Веќе од 2016 година може да зборуваме за стабилен пораст кој се одржуваше се до крајот на 2019 година, кога за прв пат вкупниот извоз се намали под 1,250 милијарди долари. Следеше силен период на обнова и зајакнување на извозната компонента, па така во март 2022 година вкупниот извоз се искачи над 2.250 милијарди долари, за повторно да доживее контракција со крајот на 2022 година. Другите два сегменти, поделени на развиени економии и земји во развој, скоро идентично го пратат споменатиот тренд, со тоа што двете криви наслични вредности во обем имале на почетокот на 2020 година.

На наредниот графикон прикажана е трговската позиција на земјите во развој и на развиените држави. Првиот дескриптивен опис е дека двете криви имаат огледален одраз, односно во најголем дел од анализираниот период кога трговската размена растела во сума кај едната категорија, сосема спротивен тек се случувал кај другата група на земји.

Земјите во развој континуирано имаат позитивен трговски баланс, кој својот пик го достигнува кон средината на минатата година со износ од над 100 милијарди долари. Од друга страна во истиот период забележан е негативен екстрем кај развиените економии со дефицит од над 150 милијарди долари. Почетокот на 2017 и 2019 година се точките кога нивоата на двете групи скоро се израмнуваа и тоа при негативни вредности на трговски баланс.

Во продолжение следува рангирање на топ 5 увозници и извозници во светски рамки:

Во 2022 година Кина била водечкиот пазарен извозник со вкупна реализација на истргувани стоки во вредност од над 3.600.00 милијарди долари. Кина во изминатите 10 години го држи овој примат и од година во година вкупниот обем е во континуран пораст. На второ место се САД, кои во последните 3 години се повеќе се оддалечуваат од европскиот конкурент Германија. Тие пак заедно со Холандија се репрезенти на европскиот извоз и заедно изгенерирале вкупен обем од 2.600.00 милијарди долари. На последното 5-то место е Јапонија која се до 2019 година беше пред Холандија. Интересно е што овие 5 држави во континуитет, изминатите 10 години се недопирливи при врвот на светската извона страна.

Увозната компонента содржи 4 од гореспоменатите држави, со исклучок на Холандија, која тука е заменета со Велика Британија. На пиедесталот како најголеми увозници се САД со увезена стока од над 3.200.00 милијарди долари. Со овие бројки трговскиот дефицит на САД достигнува ниво од 1.100.00 милијарди долари. Кина во оваа категорија го завзема второто место, со нагласок дека разликата меѓу овие две држави е далеку помала кога станува збор за увозната компонента. Тука САД имаат предност од околу 500.00 милијарди долари, додека кај извозот Кина имаше поголем обем за над 1.500.00 милијарди долари. Германија е повторно на трето место и може да се каже дека оваа држава има најизбалансирана трговска позиција, со суфицит од 78.00 милијарди долари. И во оваа категорија изминатите 10 години се истите претставници, со нагласок дека Јапонија и Велика Британија имале чести промени во позиции 4 и 5.

Што се однесува на Македонија ситуација во последната година е следна:

Најголем увоз имаме реализирано со Велика Британија, исто како и минатата година. Обемот изнесува на 2.000.00 милијарди долари, што е за 30% над нивото што го имаме реализирано со вториот по големина стратешки партнер Грција. Кај 2 држави забележан е драстичен пад од 4 места и тоа во трговијата со Русија и Јапонија, додека напредок од 4 места е евидентиран кај увозот од Австрија. 

Ако кај увозната компонента може да се констатира одреда дисперзија, извозната страна е сконцентрирана кон само една држава. Германија е нашиот главен извозен партнер, а таквата ситуација е со години наназад. 2022 година обемот на извезени стоки достигна скоро 4.000.00 милијарди долари. Втората држава на листата е Бугарија, а обемот со извезени стоки е само 1/10 од нивото со Германија. Тука мора да се напомене дека Белгија рапидно се искачува на листата, со скок од 10 места во последната година. Тоа укажува на фактот за интересот на белгиските компании кон македонскиот потенцијал.


(E&Б)

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано