Анализи

Како пулсира светот? – Анализа на тековни економски индикатори (2 дел)

14.10.2023г.

Во вториот дел од анализата ќе се обидеме да дознаеме што се случувало во текот на изминатата година, какво влијаела ковид кризата и какви се трендовите во изминатите години за 3 држави кои имаат клучно значење на светската геополитика. Преку такво согледување на економските параметри сметаме дека ќе ја доближиме економската политика на најголемите држави и се надеваме дека креаторите на економијата во Македонија ќе успеат да извлечат корисни информации.

* Извор: Trading Economics

1. Индија е земјата која остварила најголем процентуален пораст на БДП во последната година. 6.1% претставува сериозен скок, ако се земат во предвид сите глобални случувања. 3385 милијарди долари е сумата со која се заокружила 2022 година и истото претставува апсолутен пораст од 714 милијарди долари, споредбено со кризната 2020 година. Токму 2020 година е клучна за дисконтинуитетот во 10 годишниот пораст на БДП.

Каматната стапка во Индија во просек изнесуваше 6,36 проценти од 2000 до 2023 година, достигнувајќи највисоко ниво од 14,50 проценти во август 2000 година и рекордно ниско ниво од 4,00 проценти во мај 2020 година.

Централната банка на Индија ја постави каматата на 6,5% во јуни 2023 година за да обезбеди инфлацијата да остане во рамките на целниот опсег од 2-6 отсто, без притоа да го попречи растот. Последниот потег беше во согласност со прогнозите на пазарот во услови на намалување на притисокот врз трошоците. Годишната инфлација во Индија се намали на 18-месечен минимум од 4,7% во април поради забавувањето на цените на храната.

Ако се анализира движењето на инфлацијата низ изминатите 5 години, ќе забележиме дека гореспоменатиот таргет 2-6% не секогаш бил исполнет.

2. Втората земја која привлекува интерес е Бразил, особено по однос на прашањето за висината на каматните стапки. Централната банка на Бразил ја остави својата клучна каматна стапка непроменета на 13,75% на седмиот последователен состанок во јуни 2023 година, во согласност со очекувањата на пазарот. Според најавите на тамошните монетарни власти сегашното сценарио бара трпение и банката нема да се двоуми да го продолжи циклусот на затегнување доколку процесот на дезинфлација не продолжи како што се очекуваше и дека идните чекори на монетарната политика ќе зависат од евалуацијата на инфлацијата.

Годишната стапка на инфлација во Бразил се намали на 3,94% во мај, достигнувајќи го најниското ниво во последната година. Ова е трет последователен месец во кој Бразил бележи стапка на инфлација под горната цел на централната банка од 4,75%.

Во исто време, БДП се зголеми за 1,9% во К-1, враќајќи се од намалувањето од 0,1% во четвртиот квартал и ги надмина пазарните очекувања за раст од 1,3%. Меѓутоа, ваквите позитивни трендови се сепак доста далеку од нивото на БДП кое Бразил го имаше пред 10 години.

3. Една од омилените дестинации на нашите иселеници и печалбари, Канада, иако се води како млада држава, сепак прерасна во силен глобален играч.

Во горната табела е прикажан БДП и неговите екстреми во изминатите 6 декади. Интересно е да се напомене дека Канада својот најголем пораст го остварува во последните 2 години, кога го надминува прагот од 2000 милијарди долари.

Стапката на невработеност во Канада се зголеми на 5,2% во мај 2023 година, откако остана на 5% за петте претходни месеци, додека пазарните проценки беа сетирани на 5,1%, со што се евидентираше првото месечно зголемување на стапката на невработеност од август 2022 година. Податоците сугерираат дека канадскиот пазар на труд почнува да попушта на повисоките каматни стапки, бидејќи невработеноста се зголеми за 34.800 поединци.

Сепак, горната слика покажува дека Канада има историски најниско ниво на невработеност во последните 25 години.


(E&Б)

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано