Анализи

Анализа - биланс на плаќања според ММФ
(С. МАКЕДОНИЈА 2019-2022)

10.10.2023г.

Меѓународниот монетарен фонд води уредна статистика за најголемиот дел од позициите на поединечните држави и тоа е основа за нивните аранжмани. Согласно нивните податоци ќе се обидеме да направиме анализа на случувањата и тековите во период од 2019-2022 година и да видиме како се движат нумеричките податоци за Македонија.

-          Тековната сметка на државата во изминатите 4 години е во континуиран дефицит, со тоа што во 2020 година евидентирано е мало подобрување од 16 милиони усд, додека минатата година сме ја затвориле со дуплирање на минусот. За 100% е зголемен дефицитот, со што кумулативно сме стигнале до ниво од над 840 милиони усд

-          Што се однесува до состојбата во трговијата со стоки ситуацијата е следна: Во континуитет државата е нето увозник, односно повеќе увезуваме него што извезуваме стоки. Меѓутоа интересно е да се забележи моментот што настанал во 2021 година. Имено, во 2020 година двете страни (увоз и извоз) бележат пад на обемот од 7%, додека во 2021 година рапидно се зголемува увозот за 30.2%, додека извозот расте со 28,2%. Ако се спореди нивото на истргувани стоки меѓу овие 2 години ќе забележиме дека во апсолутна вредност нето дефицитот пораснал за 731 милион усд(во полза на увозот). 2022 година уште повеќе добива на значење увозната компонента, која повторно расте со скоро 15%, додека извозот ја следи со пораст од скоро 9%. Токму овие движења допринеле за 2022 година да ја заокружиме со рекорно ниво од 3.639 милиони усд дефицит. Ваквите движења се од круцијално значење за одржувањето на курсот на денарот, од причина што по овој основ во државата се одлеваат многу повеќе девизи, него што имаме приливи.

-          Сосем спротивни движења, очекувано, се на страната на услугите. Токму тоа е сегментот кој може да допринесе за стабилизација на економијата и дополнително да ја зацврсти меѓународната позиција. На извозната страна евидентирана е една “послаба” година, односно во 2020 година забележан е пад на нето вредноста од извоз на услуги од 9%. Ова пред се се должи на ситуацијата со ковид кризата, меѓутоа затоа пак 2021 година растот од 24.5% значително ја подобрува ситуацијата, за истиот во континуитет да продолжи и во 2022 година со стапка од 18%. Така, последната календарска година сме ја заокружиле со нето извоз на услуги во вредност од 2.430 милиони усд. Многу симптоматични се движењата на увозот на услуги од причина што кај нив евидентни се сличностите во трендовите како кај извозот, но во многу помал обем. Прашањето што се поставува е зошто не можеме да го замениме увозот на услуги со домашни капацитети, кога имаме пораст на извозот? Во период од 2 години (2020-2022) зголемен е увозот за 480 милиони усд, средства кои можеле да останат во државата.

-          Од аспект на разганичување на примарниот од секундарниот прилив треба да наведеме дека:

  1. 1.   Примарниот прилив ги вклучува приливите од камати, добивки и дивиденди (генерирани од странски инвестиции). Вклучува и дознаки - тоа се плаќања од луѓе кои живеат и работат во странство и испраќаат пари назад во земјата на потекло. Примарниот доход е дефиниран како “заработка” што произлегува од обезбедувањето на фактор на производство: работна сила, финансиски средства, земјиште и природни ресурси.
  2. 2.   Сметката на секундарниот прилив ги прикажува тековните трансфери помеѓу резиденти и нерезиденти. Трансферот е запис што одговара на обезбедување на добро, услуга, финансиско средство или друго непроизводствено средство од страна на институционална единица до друга институционална единица каде што нема соодветно враќање на ставка од економска вредност. Тековните трансфери се состојат од сите трансфери кои не се капитални трансфери.

Примарниот прилив е со изразени циклични движења во последните 4 години и ја влошува тековната сметка во просек за околу 560 милиони усд. Од друга страна, секундарниот прилив во период од 2019-2021 година зафаќал 90% од билансот, додека пак во 2022 година таквиот сооднос е намален за 10п.п.

-          На крај, состојбата на финансиската сметка е во континуиран дефицит, при што во 2022 година салдото изнесува рекордни 874 милиони усд. Овој износ е за 3 пати повисок од најнискиот изразен дефицит во 2021 година.


(E&Б)

 

ПРЕПОРАЧАНО