Бизнис

Мастербет ДООЕЛ Скопје: Неминовно ќе се случи економски социјален потрес

Групација на игри на среќа

Економија и бизнис | печатено издание | маj 2023г.

Мастербет ДООЕЛ Скопје е компанија која организира игри на среќа во автомат клубовите Астра, член на Групацијата Новоматик и Апекс Македонија. Во оваа дејност се вработени 10 илјади луѓе, а таа индиректно помага меѓу 54 илјади до 100 илјади работни места во државава. Во услови на економска криза предизвикана од глобалните предизвици, кога државава е принудена да се задолжува за да може да ги сервисира своите основни системски функции, едноставно е надвор од секоја економска логика да се предложат законски измени кои во својата суштина ќе предизвикаат затворање на цела легална економска гранка што ќе значи иселување на дополнителни 35 илјади луѓе кои, поради егзистенцијални причини, ќе бидат принудени да си заминат од Северна Македонија и во земјите членки на ЕУ повторно да работат во секторот игри на среќа. Нема никакво издржано објаснување зошто е одлучено токму на овие законски измени да им се стави европско знаме, што никогаш претходно не било законодавна пракса, земајќи предвид дека измените предизвикуваат драматични финансиски импликации, особено што во предложените измени има серија одредби за кои е прашање дали се во согласност со Уставот. Никој во Европа не ја прифаќа тезата дека потенцијалната зависност од игрите на среќа се решава со затворање на казината, автомат клубовите и обложувалниците, како што ни потенцијалната зависност од алкохол и никотин никаде не се решава со затворање на кафулињата, трафиките и продавниците на алкохол. Подигнувањето на општествената свест се прави со јавни кампањи и организиран пристап за насочување на младите генераци кон спорт и култура. Доколку надлежните институции во блиска иднина реално не ги согледаат потенцијалните негативни последици од игнорирањето на забелешките на асоцијациите АПИС и АСОМ и на Здружението на вработените „Сакам да работам“, тогаш неминовно ќе се случи економски социјален потрес кој на среден и долг рок никому нема да му оди во прилог. 

ПРЕПОРАЧАНО