Бизнис
Макотен ДООЕЛ Гевгелија: Oчекуваме стабилност, извесност и правна сигурност
Групација на игри на среќа
Економија и бизнис | печатено издание | мај 2023г.
Макотен ДООЕЛ Гевгелија е компанија која организира игри на среќа во Казино Фламинго во Гевгелија и Скопје. Досега нашата Групација Новоматик и Апекс Македонија реализираше повеќе од 124 милиони евра и тековно се инвестираат уште дополнителни 30 милиони евра кои, несомнено, ја придвижуваат македонската економија напред. Ние сме дел од од македонската економска гранка – игри на среќа веќе 17 години и ќе продолжиме како и досега во нашето деловно работење да ги имплементираме највисоките европски и светски стандарди. Жалиме што во последниве неколку години игрите на среќа во Македонија станаа тема за дневнополитички препукувања, што генерално создава негативна рефлексија која се одразува на економските биланси на сите организатори на игри на среќа. Случувањата во Албанија, во Грција, во Лихтенштајн и еве последно во Јапонија не одат во прилог на дежурните домашни критичари на игрите на среќа во Северна Македонија. Ако јапонските власти, заради привлекување туристи, ја напуштија нивната досегашна крајно ригидна политика и одобрија изградба на прво легално казино, дебатата во нашево општество за евентуално затворање на целата индустријата е во спротивност со регионалните, европските и светски трендови. Како странски инвеститори, капитал кој доаѓа од земја членка на ЕУ, очекуваме стабилност, извесност и правна сигурност во економската гранка игри на среќа. Тоа е сине ква нон за успешноста на секој бизнис.