Интервјуа

Рикардо Виан Маркес: За нас достигнатиот успех е потстрек за нови подобри резултати

Интервју со генералниот директор на фармацевтската компанија ГАЛЕНИКА

Фармацевтски гигант Галеника изминатата година успешно го зајакна своето присуство на македонскиот пазар и како дел од регионалните активности растот на продажбата во Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора достигна 33 отсто. Компанијата ја прошири и дистрибуцијата на своите производи на три континенти. За растот на Галеника на регионалните и меѓународните пазари, како и за актуелните планови во годинава исполнета со економска неизвесност на глобално ниво, разговараме со првиот човек на Галеника, Рикардо Виан Маркес.

Српската фармацевтска компанија „Галеника“ по приватизацијата во ноември 2017 година стана дел од бразилската NC Групација.  

Присутни сте на три континенти, ја зајакнавте вашата позиција како во Европа, така и во регионот. Колку сте задоволен од постигнатото во 2021 година?

Галеника во Србија и во регионот е присутна веќе 77 години и нашите активности се согласно нашите аспирации да бидеме регионален лидер кој е посветен на луѓето и верен на здравјето. Нашата заложба е да одговориме со квалитет и новини кои на пазарот од нас ги очекуваат потрошувачите, но и нашите партнери, соработници и вработени. Фокусирани сме на очекувањата на заедницата и како корпоративно одговорна компанија секогаш сме фокусирани на квалитетни активности чија содржина одговара на актуелните трендови во општеството и верувам дека успеваме и да одговориме на очекувањата и да го задржиме вниманието на заедницата, затоа што заедно постигнуваме повеќе. Благодарение на тимската работа и високиот квалитет на производите Галеника е глобален конкурент на 13 меѓународни пазари во Европа, Блискиот Исток и Африка, каде во 2021 година го зголемивме извозот за 14%. На пазарот на ЕУ во 2021 година успешно беа регистрирани 19 производи. Фактот дека нашите производи се веќе присутни на три континенти е потврда за нашиот влог во  највисоките стандарди за производство и сертификатите за квалитет на производите кои се основа за исполнување на локалните и меѓународните барања.

Македонија е еден од традиционалните пазари на Галеника, но вашите производи се забележани и од младите генерации. Што може да очекуваме од Галеника во следниот период?

На сите пазари каде е присутна, Галеника постојано е ориентирана кон модернизација, дигитализација, реинвенција и развој, но и понуда на најквалитетните производи следејќи ги трендовите во нашата дејност. Таа определба се рефлектира во довербата што ја добиваме од потрошувачите. На македонскиот пазар веќе сме препознаени и признати по квалитетот што го имаат нашите производи, но посветени сме и да привлечеме нови помлади генерации на потрошувачи. Тука сме присутни со богато портфолио кое постојано се проширува со нови производи. Имаме одличен тим на македонскиот пазар, преку кој се рефлектира нашата посветеност кон потрошувачите и кој се вложува да ја оправда довербата која потрошувачите ни ја даваат веќе 77 години. Со нашиот македонски тим успеавме во 2021 година да ја зголемиме продажбата за 34% во однос на 2020 година.

Но, во Галеника постигнатиот успех е само потстрек да поставиме пред себе нови таргети, да достигнеме нови подобри резултати на сите пазари каде сме присутни.

Кои параметри ја издвоија Галеника меѓу конкуренцијата дома и во регионот во 2021?

Минатата година беше одбележана со интернационализам на бизнисот со значаен раст во регионот и на меѓународните пазари, меѓународното работење е област во која ќе продолжиме да се развиваме во 2022.

Во 2021 година  нашата компанија постигна значително проширување на портфолиото Галеника во 2021 година забележа раст на производството од 9% во однос на претходната година. При тоа во фокусот останува понатамошна модернизација на компанијата. Во регионот, односно во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија растот на продажбата достигна дури 33 отсто. Вкупно, во Србија и регионот во 2021 година регистриравме 31 производ, додека 29 се веќе пуштени во продажба. Ова проширување на портфолиото ја потврдува нашата определба да размислуваме иновативно и растот да го реализираме со понуда на релевантни и најквалитетни производи кои се одговор на современите барања на корисниците.

Најавивте нов инвестициски циклус кој почна на крајот од 2021. На што е главниот фокус на новите инвестиции?

Новиот инвестициски циклус почна со фокус на заштита на животната средина и зголемување на енергетската ефикасност. Тие вклучуваат модернизација на котларниот капацитет за производство на топлинска енергија, додека во среднорочните планови планираме инвестирање во изградба на технолошки најсовремен магацин за суровини и амбалажа. Ова ја покажува нашата постојана посветеност на енергетската ефикасност, преку употреба на обновливи извори на енергија и неутрално влијание врз животната средина. Една од клучните политики на Галеника и NC Групацијата е највисокото ниво на безбедност при работа и заштита на животната средина, што е потврдено со досегашната практика и понатамошните планови во Србија.

Надвор од овој конкретен циклус е тековната инвестиција во развојот на нашите тимови и нивните партнери во медицината и индустријата, кои успеавме да ги одржиме и организираме дури и за време на пандемијата. Со особено задоволство би истакнал дека од година во година се повеќе инвестираме во развојот на вработените преку разни видови обуки, а во 2021 година вкупниот број на часови вложени во обука на вработените се зголеми за 82% во однос на 2020 година.

Дополнително, во согласност со современите трендови и навики на потрошувачите и нашата сопствена експертиза и согледувања, Галеника на српскиот пазар ја лансираше бесплатната мобилна апликација Галикс, чија цел е да ги инспирира и зајакне здравите навики на корисниците. Апликацијата Galix обезбедува информации во реално време и следење на клучните параметри корисни за секојдневната организација со цел да се промовира здрав начин на живот. Подобрувањето на здравиот начин на живот е поважно од кога било, а апликацијата Galix може да им помогне на корисниците да ја зголемат отпорноста на предизвикувачки и стресни ситуации, подобро планирање на времето и грижа за квалитетот на животот. Апликацијата е лансирана на српскиот пазар и се надеваме дека ќе ја прошириме и на други пазари

Кои се придобивките за потрошувачите на Галеника откако компанијата стана дел од бразилската NC Групација?

Работењето во рамките на NC Групацијата е секако предност за Галеника. Иако матичната компанија не е директно присутна во нашиот регион, фактот што е најголемата фармацевтска компанија во Латинска Америка веќе доволно зборува.

Интеграцијата на Галеника во таков голем систем овозможи реализација на значителни синергии на трошоците, првенствено преку пристап до мрежата на добавувачи на NC Групацијата, но и преку економиите на обем и заедничко дејствување кога станува збор за добавувачите на суровини. Втората најважна придобивка што ни ја донесе припадноста на NC Групацијата е пристапот до интелектуална сопственост преку портфолио кое е многукратно поголемо од портфолиото на Галеника и кое интензивно го користевме со регистрирање на десетици нови производи.

Дали припадноста во еден ваков глобален и значителен корпоративен систем влијаеше на функционирањето на Галеника во регионот?

Се разбира, како и секој голем систем, NC Групацијата постави високи стандарди за корпоративно управување во Галеника, но на начин што не ја загрозува флексибилноста и способноста на локалното раководство да реагира брзо и да донесува одлуки во согласност со развојот на пазарите каде што работиме. Исто така, Галеника остварува стратешко партнерство со EMC, која е исто дел од NC Групацијата и е најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите во Латинска Америка. Стратешкото партнерство со ЕМС ни овозможи да ја пренесеме технологијата на производи од најновата генерација на генерички лекови, со што го проширивме портфолиото во групите кои се користат во лекувањето на кардиоваскуларни и заразни болести Независно од овие процеси, Галеника продолжува со дигиталната трансформација. Во 2021 година Галеника го имплементираше SAP Analytics Cloud - најнапредната платформа која комбинира деловна интелигенција, предвидлива аналитика и способности за планирање во интегрирано деловно опкружување. Двигатели на деловната вредност се инвестициите и иновациите, дигитализацијата и модернизацијата, како и давање поддршка на заедницата во која работиме, со постојана грижа за клучните вредности и нивна имплементација.

За крај, бројките се важни и го илустрираат успехот на компанијата. Сепак, би сакал да истакнам дека е важен и тимскиот дух, кој успеавме да го одржиме силен и ориентиран кон напредок за време на пандемијата во 2021 година. Факторите на успешниот бизнис се пред се во луѓето кои ја прават оваа компанија, во препознатливоста и силата на нашиот бренд - и нашата способност да ги искористиме за да ја направиме Галеника модерна и конкурентна компанија во децениите што доаѓаат.

ПРЕПОРАЧАНО