Интервјуа
ПОСТОЈАНО ИНВЕСТИРАМЕ И ВЛОЖУВАМЕ ВО НОВИ ЗНАЕЊА И ОБУЧУВАЊЕ НА НАШИОТ МЛАД ПРОФЕСИОНАЛЕН И ПЕРСПЕКТИВЕН КАДАР
Христо Кондовски
Извршен директор на СН Осигурителен Брокер АД Битола
Во јуни 2017 година, кога имавме интервју со Вас, СН Осигурителен брокер беше најбрзорастечко брокерско друштво во секторот на осигурување. Каде сте сега на пазарот?
Х. Кондовски: СН Осигурителен брокер АД Битола продолжува со трендот на брзо растење во секоја смисла на неговото работење и станува лидер и најголем осигурителен брокер, доколку продолжи со овој тренд и наредниве години ќе стане и лидер воопшто на цел сектор на осигурување.
Позитивните резултати, што СН Осигурителен брокер АД Битола ги постигнува години наназад, од 2014 година, па сѐ до оваа тековна 2019 година се одраз на експертизата и на балансираното управување со фирмата; посветеноста и придонесот на нашиот тим се главната причина за нашиот успех. Пријатната и пријателска атмосфера која владее меѓу нашиот тим и тимското целење кон тоа да им ги нудиме на клиентите најдобрите и најповолните услуги на најдобар можен начин е она што го согледуваат клиентите во СН Осигурителен брокер АД Битола и поради тоа сме нивниот прв избор, а со тоа и СН Осигурителен брокер АД Битола е и продолжува да биде најбрзорастечко, најголемо и најдобро брокерско друштво во секторот на осигурување.
Можеме да се пофалиме со високообразован стручен кадар со над 90 вработени, распоредени во 27 експозитури низ цела држава. СН Осигурителен брокер АД Битола моментално е најголем брокер на пазарот на осигурување по број на вработени и по број на експозитури. СН Осигурителен брокер АД Битола несебично вложува во кадри кои сакаат да се надоградуваат во осигурувањето и кои ќе му понудат дополнителна услуга на осигуреникот со максимална посветеност и отвореност.
СН Осигурителен брокер АД Битола моментално е најголем брокер на пазарот на осигурување по бруто-полисирана премија.
Од 2016 до 2019 година ја имаше следнава структура по класи:
– Други осигурувања на имот, вклучително и осигурување на посеви: 30 % во 2016 година, денес 50 %
– Автоодговорност: 40 % во 2016 година, денес 43 %
– Каско: 16 % во 2016 година, денес 17 %.
Ова значи дека СН Осигурителен брокер АД Битола вложува во незадолжителните класи на осигурување каде што се потребни повеќе стручност, подобра екипираност и ефикасност.
Во 2017 година друштвото полисираше близу 183 000 000,00 МКД, додека деловната 2018 година ја заврши со преку 330 000 000,00 МКД. СН Осигурителен брокер АД Битола планира годинава да ја заврши со над 500 000 000,00 МКД полисирана премија, што значи развојот на СН Осигурителен брокер АД Битола продолжува и понатаму, а со тоа продолжуваме да бидеме најбрзорастечко, најголемо и најдобро брокерско друштво во секторот на осигурување.
Која е предноста што СН Осигурителен брокер АД Битола е постојано лидер во секторот на осигурување?
Х. Кондовски: СН Осигурителен брокер АД Битола ги познава и постојано ги следи понудата и побарувачката за осигурување на пазарот така што се фокусира да создава иновативни решенија и услуги сѐ со цел да им го понудиме најдоброто на клиентите бидејќи нивното задоволство и лојалност се нашиот поттик и инспирација.
Веќе постигнатото задоволство и лојалност на клиентите се должи на тим на осигурителни брокери кои со својата експертиза, професионалност и посветеност на работата најмногу придонесуваат да бидеме лидери во секторот на осигурување. Исто така тука е и поддршката од Сектор Штети, Сектор за преземање на ризик, Правен сектор, ИТ- и маркетинг-сектор и Сектор за сметководство.
Каде го гледате СН Осигурителен брокер АД Битола во иднина?
Х. Кондовски: Нескромно СН Осигурителен брокер АД Битола во наредниве 5 до 10 години го гледам како најголем играч во секторот на осигурување и како социјално одговорна фирма во која сите имаат доверба и можат да се потпрат на неа. СН Осигурителен брокер АД Битола цели да го задржи синонимот за квалитетна, ефикасна и брза услуга за целосниот спектар на услуги кои ги нуди и постојано инвестираме и вложуваме во нови знаења и обучување на нашиот млад професионален и перспективен кадар кој посветено ќе се грижи за клиентите.

СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР ПРЕТСТАВУВА НАЈГОЛЕМА ДОМАШНА GREENFIELD ИНВЕСТИЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ ВО БИТОЛА КАДЕ ШТО ЈАС И ШЕСТ АКЦИОНЕРИ СТИГНАВМЕ ДО ИДЕЈА ДА ИНВЕСТИРААТ ВО НОВ БИЗНИС, ОДНОСНО ВО МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ОБЈЕКТ КОЈ ОБЕДИНУВА ПОВЕЌЕ ДЕЈНОСТИ НА ЕДНА ЛОКАЦИЈА
СН Осигурителен брокер АД Битола е неформално дел од СН Групацијата, кажете ни повеќе за тоа.
Х. Кондовски: Точно, СН Осигурителен брокер АД Битола е дел од СН Групацијата која ја сочинуваат: Осигурително брокерско друштво СН Осигурителен брокер АД Битола, СН Сообраќаен центар, Финансиско друштво СН Финансии, СН Менувачница, СН Центар за моторни возила, СН Центар за угостителство, СНММ7 Инфо медиа ДОО Битола и Веб и арт солушнс (Webiart Solutions) – дигитален маркетинг и веб-софтверски решенија.
Станицата за технички преглед располага со најсовремена опрема во Пелагонискиот Регион, а за возилата се грижи стручен високообучен кадар.
Финансиското друштво СН Финансии е првата финтек компанија во Македонија која е основана со домашен капитал и нуди онлајн мали и големи кредити, банкарски гаранции и факторинг.
СН Центарот за моторни возила се наоѓа во склоп на СН Сообраќаен центар. Овој центар ги опфаќа следниве услуги: автоматска автомијална за лесни и тешки моторни возила, автомеханичарски сервис, вулканизерски сервис и голем избор на најразлични пневматици, продажба на оригинални моторни масла од повеќе брендови и акумулатори. Исто така СН Центар за моторни возила е единствениот претставник на Тојота и на Форд.
СН Бар и ресторан е угостителскиот дел на СН Сообраќаен центар кој има капацитет од 150 гости и е погоден за бизнис-ручеци, семејни прослави, како и забави со музика во живо. Исто така има одличен амбиент за одмор од секојдневните обврски.
СН Осигурителен брокер АД Битола е носител на најголемата домашна Гринфилд (Greenfield) инвестиција во Преспанско-пелагонискиот Регион. Кажете ни повеќе за тоа.
Х. Кондовски: СН Сообраќаен центар претставува најголема домашна Гринфилд (Greenfield) инвестиција во последниве 10 години во Битола каде што јас и шест акционери стигнавме до идеја да инвестираат во нов бизнис, односно во мултифункционален објект кој обединува повеќе дејности на една локација. СН Сообраќаен центар е инвестиција на СН Осигурителен брокер АД Битола вредна 5,5 милиони евра и беше започната во 2016 година. Овој центар е лоциран на „Михаил Апостолски Дончо“, Новачки пат – Битола.
Нашата замисла ја реализиравме како повеќенаменски деловен објект изграден по најнови светски стандарди и е единствениот од ваков тип во Република Северна Македонија.
На 20.6.2019 година, во присуство на владини претставници, на соработници, на партнери компании и на граѓани, спектакуларно беше отворен мултифункционалниот деловен комплекс СН Сообраќаен центар кој се протега на површина од 17 000 м2.
Кое е задоволството да се биде еден од 40-те најуспешни претприемачи во Југоисточна Европа?
Х. Кондовски: Нема поголема награда за еден човек кога целата напорна работа во текот на годините ќе се валоризира со признание како ова на Business Elite‘s „40 under 40“. Голема чест ми е што Бордот на судии составен од признати бизнисмени и јавни личности од Европа и светот ја препознаа мојата работа и ме избраа меѓу добитниците на овогодинешната награда Business Elite‘s „40 under 40“ за најуспешни млади бизнис-лидери од Југоисточна Европа. Голема благодарност на досегашната голема поддршка од страна на моите деловни соработници, пријатели и посебна благодарност до тимот кој придонесе и придонесува во развој на СН Осигурителен брокер.
(Економија и бизнис, печатено издание, септември 2019 година)