Page 74 - mart 2020
P. 74
СтОПАНСкА кОмОРА НА мАкеДОНИЈА
Почитувани,
Стопанската комора на Македонија по одбележувањето на 98-годиш-
нината од своето работење целосно ги насочува своите активности кон
реализирање на стратешките приоритети на дејствување во согласност
со новите трендови и потреби во работењето на компаниите. Пораките
од компаниите се јасни. Производите наменети за извоз да имаат
повисока додадена вредност, да се инвестира во
машини и опрема за модернизација на производ-
ството и зголемување на неговата конкурентност,
но и супституција поради недостаток на кадар,
СТРАТЕГИИ како и градење на капацитетите на менаџерите во
насока на зголемување на продуктивноста во ра-
ботниот процес. Во оваа линија е и ставот на
КОИ НУДАТ Александар Гечев од ИГМ-трејд Кавадарци кој Билјана Пеева-Ѓуриќ,
решението на состојбите на долг рок го гледа во
реформирано образование кое треба да придо-
в. д. извршен директор
несе за зголемување на продуктивноста, а на
РАЗВОЈ краток рок преку инвестиции во нова техноло- на Стопанската комора
на Македонија
гија која може да придонесе и за решавање на
проблемот со животната средина и намалување на отпадот.
За интернационализацијата на бизнисите ја издвоивме и сора-
ботката со Италија во рамките на серијалот на претставување на
нашите клучни надворешно-трговски партнери со кои имаме добра
економска соработка долги години наназад, а која може да се уна-
преди преку поголема присутност на италијанските инвеститори
во земјава заинтересирани за вложување во инфраструктурни
проекти, во давање сервисни услуги на компаниите, како и во
областите од транспортот, енергетиката и животната средина.
Бидејќи извозот е во центарот на нашето внимание, во
овој прилог информирајте се како да го зголемите својот
приход, како да ја подигнете меѓународната препознатливост,
да ги подобрите работните процеси или да го зголемите за-
доволството кај клиентите, а сето тоа е можно преку им-
плементација на меѓународните менаџментски стандарди
кои ги нуди нашиот Центар за квалитет.
Заклучокот се наметнува сам по себе. Само инвести-
циите и извозот можат да нѐ придвижат напред. Постојат
многу позитивни примери и политики во земјите на ЕУ
и регионот како се гради поконкурентна економија и
она што ни е потребно за тоа е нова извозна стратегија
за што е неопходна поголема посветеност кај креаторите
на економските политики.
74 март 2020

