Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај четири пациенти констатира дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со стандардите на клиничката пракса, а кај девет случаи документација укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, и тоа, на пример, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, а по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да се ендоваскуларните или хируршките – соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу, кој информира за резулатите на странската комисија за проверка на сомнителните случаи, а на што прв укажа академик Сашко Кедев.