Иран сега се заканува да затвори уште еден теснец. Последиците би можеле да бидат катастрофални
Затворањето би можело да има далекусежни последици за целата светска трговија, пишува Скај њуз.
Теснецот Баб ел-Мандеб, чие име на арапски значи „Портата на солзите“ поради историски опасните услови за навигација, го поврзува Црвеното Море со Арапското Море. Неговата стратешка позиција е клучна бидејќи им овозможува на бродовите што доаѓаат од Азија пристап до Суецкиот канал и понатаму кон Медитеранот. Токму затоа претставува една од најпрометните поморски рути во светот, особено за транспорт на сурова нафта од Персискиот Залив. На еден од неговите брегови е Јемен, каде што се стационирани Хутите, група поддржана од Иран.
Професорот Самир Дани од Бизнис школата на Универзитетот Кил претходно објасни како блокадата на навигацијата во областа би предизвикала нарушувања што одат многу подалеку од пазарот на нафта и гас. Според него, последиците би биле катастрофални.
„Блокирањето на Суецкиот канал би предизвикало целосен хаос во целиот свет, а не само во однос на нафтата и гасот. Ова би ги задушило синџирите на снабдување за секојдневните производи што пристигнуваат од Азија во Европа“, предупреди Дани.
Затворањето на рутата низ Црвеното Море би ги принудило бродовите да заобиколуваат ’Ртот Добра Надеж. Ова би го продолжило патувањето за просечно 15 дена, ако не и повеќе, би барало значително повеќе гориво и, на крајот, би довело до скок на трошоците за испорака, што на крајот би ги платиле потрошувачите, пренесува Индекс.хр.
Фото Економија и бизнис








