Во „Алкалоид“ хуманоста, емпатијата и грижата за луѓето се вредности што обединуваат и што мотивираат да придонесуваме онаму каде што е најпотребно. Токму затоа, преку голем број регионални проекти и активности, компанијата активно придонесуваме за подобрување на условите за живот во заедницата.
Еден од тие проекти е и хуманитарната акција „Донирај облека, сподели добрина!“. Покрај вработените од земјава, во оваа хумана иницијатива се приклучија и нивните колеги од Србија и од Босна и Херцеговина, зацврстувајќи ја нашата посветеност на заедништвото и солидарноста.

-Веруваме дека и најмалиот гест на помош може да обезбеди поддршка за другите. Благодарение на високата свесност и на одговорното однесување на нашите алкалоидовци, беа донирани речиси 2 тона облека во добра и употреблива состојба. Акцијата традиционално ја реализираме во соработка со нашите партнери Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje и социјалното претпријатие Копче / Kopche, велат од компанијата.

Ова е уште една потврда дека кога дејствуваме заедно, и малите дела имаат сила да направат големи промени!








