Проектот низ годините ги поврзува младите, спортот и локалните заедници низ земјата. Досега со програмата беа опфатени над 4.000 деца од целата држава, со подеднаква вклученост на девојчиња и момчиња од различни етнички заедници, придонесувајќи кон инклузивност и меѓусебно зближување.
Со поддршка на клубовите што секојдневно работат со најмладите, иницијативата на НЛБ Банка придонесува и за создавање здрави спортски навики и развој на дисциплина, истрајност и тимски дух. Локалните клубови им помагаат на децата да останат активни, да го развиваат својот потенцијал и да го прифатат спортот како дел од здравиот начин на живот.
Пријавувањето се врши преку веб-страницата на НЛБ Банка Скопје: Аплицирајте за „НЛБ Спорт за млади“
„НЛБ Спорт за млади“ е дел од пошироката иницијатива на НЛБ Групацијата за развој на младинскиот спорт и создавање еднакви можности за вклучување на децата, без оглед на средината од која доаѓаат.








